Организацијата „НЕВЗ-Керамикс“ изврши тестирање на нова конструкција на внатрешна протеза за коленски зглоб што ја разви во соработка со стручњаците од Новосибирскиот државен технички универзитет (НГТУ), соопшти службата за односи со јавноста на оваа високообразовна установа.
Специфичноста на оваа конструкција се огледува во зглобната површина изработена од биостабилна керамичка матрица која не е подложна на корозија и не доведува до отфрлање и до алергиски реакции, се наведува во соопштението.
Станува збор за уникатен спој на современи решенија од светската практика со употреба на ендопротеза на коленски зглоб и предноста за примена на тарниот пар на керамика-полиетилен кој покажа добри резултати.
Иновацијата е патентирана во мај минатата година како корисен модел на Ендопротеза на коленскиот зглоб. Испитувањето беше извршено во центарот за тестирање на компанијата ЕндоЛаб ГмбХ (Германија) која е специјализирана за извршување технички тестирања на медицински производи изработени во Европа.
Испитувањата се спроведени во согласност со барањата на меѓународните ИСО стандарди. Во тестовите на ендопротезата повторено е биомеханичкото однесување на природниот човечки зглоб на коленото со зголемување на применето оптоварување.
За време на тестирањето на иновацијата на руските стручњаци во кои е повторен нормалниот човечки од се покажа дека ендопротезата на коленскиот зглоб издржала пет милиони циклични промени на аголот на свивање-испружување. Како што се наведува во соопштението за медиумите, резултатите од испитувањата ја потврдија ефикасноста на конструкцијата на новата внатрешна протеза за коленото за најмалку десет години.
Она по кое се разликува ендопротезата на руските стручњаци од сите други е користењето делови од инхоативна керамика со висока цврстина развиена во НГТУ. Во производството на протези за коленски зглоб денес главно се применува легура на титаниум и супермолекуларен полиетилен, но овие материјали се абат во период од десет до петнаесет години, па пациентите често се принудени на операција за замена на протезата.
Како што се наведува, Русија е единствената земја на светот која ја владее технологијата на производство на коленски зглоб врз база на керамика. Нејзините научници во целост успеаја да го елиминираат напрегањето при свивањето кое ја уништува керамиката.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче