Емиратите купуваат од Русија вселенски брод

Roscosmos/Twitter.com/Global Look Press
Обединетите Арапски Емирати планираат да реализираат сопствена вселенска мисија.

Со таа цел тие имаат намера да купат од Русија вселенски брод „Сојуз“. Тие, покрај тоа, ќе му ја платат на „Роскосмос “ и услугата за испраќање на двајца емиратски космонаути во орбитата. Херојот на Русија Сергеј Крикаљов, извршен директор на државната корпорација „Роскосмос“ за пилотирани вселенски програми, рече дека тој лет може да биде изведен веќе за две години.

Командир на „Сојуза“ според законот може биде само државјанин на Русија и затоа Обединетите Арапски Емирати засега ќе купат само два места во вселенскиот брод, пренесува РИА „Новости“. Русија, меѓутоа, за Емиратите ќе направи посебен вселенски брод кој не е поврзан со руската вселенска програма.

Првиот државјанин на Емиратите ќе полета во вселената веќе есенва, а во орбитата ќе помине осум дена. „Роскосмос“ во јуни 2018 година потпиша соодветен договор со Емиратите. Подготовките на двајца кандидати за овој лет се вршат од минатата есен. Космонаутите ќе летаат во вселенски брод „Сојуз“.

Обединетите Арапски Емирати имаат центар за управување со вселенски летови, прават сателити и развиваат долгорочна програма за освојување на вселената, но не сакаат како Европа да летаат со „туѓи“ бродови. Емиратите основаат свој сопствен одред космонаути и можеби еден ден ќе бидат кадри самостојно да реализираат лет во вселената.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња