Морнар на Црноморската флота опериран во подморница за време на пловидба

„Краснодар“ – подморница на Црноморската флота

„Краснодар“ – подморница на Црноморската флота

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Во подморницата „Краснодар“, која припаѓа на Црноморската флота, итно беше опериран еден морнар, соопшти во четвртокот официјалниот претставник на флотата Алексеј Руљов.

„Во подморницата „Краснодар“, која ѝ припаѓа на Црноморската флота и штотуку се враќа од задачите поврзани со воената обука, на еден член на екипажот итно му е извршена операција на слепото црево. Подморницата за тоа време се наоѓаше под вода“, рече Руљов.

Командирот на подморницата му рапортирал на територијалниот центар на управата на Црноморската флота дека еден морнар се разболел и дека со оглед на околностите на пловидбата и влошената состојба на болниот не е можно брзо да се стигне до болница. Командата на флотата донела одлука операцијата да се изврши во подморницата.

Операцијата успешно ја извршил началникот на медицинската служба на подморницата „Краснодар“, хирургот Дмитриј Јужанин. Операцијата траела четири часа, а била извршена во морнарската трпезарија чија површина не е поголема од пет квадратни метри. Оваа просторија во слични ситуации се преуредува во операциона сала.

„Во овој момент состојбата на болниот е задоволувачка. Кога „Краснодар“ ќе пристигне во базата војникот ќе биде доставен во здравствената установа заради понатамошно лекување“, истакна Руљов.

Тој соопшти дека во историјата на Црноморската флота ова е прва хируршка операција која е извршена во подморница под површината на водата.

Претходно беше соопштено дека подморницата „Краснодар“, вооружена со крстосувачки ракети „Калибар“, на 14 март поминала низ Босфорот и Дарданелите и впловила во Средоземното море.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња