Британски Jane’s: Русите ќе им понудат на Кинезите експортна верзија на „невидливиот“ „Сухој“?

Владимир Сергеев/Sputnik
Во прашање е експортна верзија на повеќенаменскиот авион-ловец од петтата генерација Су-57Э. Покрај НР Кина, заинтересирани се уште и некои држави од Персискиот залив и јужна Азија.

Русија е подготвена да ѝ понуди на НР Кина експортна верзија на повеќенаменскиот ловец од петтата генерација Су-57. Ова го соопшти британскиот информативен портал Jane’s 360 кој се повикува на изјава на директорот за меѓународна воено-техничка соработка во рамките на „Ростеха“ Владимир Кладов.

„Кинези неодамна набавија 24 авиони-ловци Су-35. Во наредните две години Кинезите ќе одлучат дали да тргнат во набавка на дополнителна количина авиони Су-35 или ќе набават ловци од петтата генерација. Тоа би можело да биде добра прилика за експортната варијанта на ловецот од петтата генерација Су-57Э“, ги цитира британското издание зборовите на Владимир Кладов на меѓународниот саем на оружје и воена техника LIMA 2019.

Покрај Кина, и богатите персиски монархии можат да станат купувачи на најсовремената руската воздухопловна борбена техника, во која секако спаѓа и Су-57Э.

Неодамна неименуван извор од воено-индустрискиот комплекс кој е специјализиран за воздухопловниот сектор изјави дека перспективниот воздухопловен комплекс на фронтовската авијација (ПАК ФА) веќе има експортна дозвола за овој модел на авион. Во овој момент целата приказна повторно се врати на дневниот ред на Владата на Русија, затоа што во меѓувреме овој авион го смени својот назив, поточно веќе не е Т-50 туку Су-57. Имено, потребно е повторно да се донесе позитивна одлука и потоа да се изработи неопходната документација за авионот Су-57.

Овој авион пред неколку дена беше претставен пред највисоките политички и воени функционери на Малезија на големиот саем на оружје и воена техника LIMA 2019.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација, развиен од воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Наменет е за извршување огромен спектар задачи кои можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување апсолутна воздушна надмоќ над територијата на која се изведуваат активни борбени дејствија, уништување најразлични копнени цели и површински бродови засилени со современи противвоздухопловни борбени средства, операции за извидување и надзор на воздушниот простор на големи растојанија, уништување на командната инфраструктура на непријателот итн.

Прочитајте повеќе: Владимир Путин го прогласи најдобриот авион-ловец на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња