ЛИМА-2019: на големиот саем за вооружување и воена техника Јак-130 ќе покаже што сè може да направи

Wikipedia
Русија на големиот саем за вооружување ЛИМА-2019 кој се одржува во Малезија по барање на военото воздухопловство на оваа земја, ќе ги демонстрира борбените можности на школско-борбениот авион Јак-130.

Неодамна директорот на секцијата за меѓународна воена соработка на Ростех Виктор Кладов за Интернет-порталот РИА Новости изјави дека Русија има намера за првпат да прикаже практична демонстрација на школско-борбениот авион Јак-130 на саемот за вооружување и воена техника ЛИМА-2019 со цел продажба на овој авион на Малезија.

„Обединетата авио-производствена корпорација на овој саем ќе го претстави својот авион Јак-130. Тој покрај изведувањето стандардна летна програма, ќе ги прикаже и своите борбени способности. Еден од тест-пилотите на ОКБ Јаковлев ќе управува со ова летало, каде на малезиските партнери ќе им ги претстави во целосен капацитет сите техничко-тактички можности на Јак-130“, вели непознат извор од корпорацијата.

Според него, во летачката програма е планирано и учество на акрогрупата „Руски витези“ кои летаат со авионите Су-30СМ.

Јак-130 (НАТО „Mitten“ – мак. „Ракавица“) е авион со два члена на екипажот, наменет за школување и за обука на пилоти. Секундарната намена се борбените задачи. Има посебни можности за борбена обука, за преземање карактеристики на летот на конкретни борбени авиони, со што вкупните трошоци за школување на пилотот се намалуваат. Покрај блокот кој е наменет за обука на пилоти, овој авион може да извршува и борбени мисии кои главно се состојат од задачи за непосредна огнена поддршка на копнените единици на земјата, и особено извидувачки задачи, носејќи борбен товар до 3.000 килограми.

Развојот на овој авион започна во 1991 година, а првиот лет беше извршен на 26 април 1996 година. Победи на конкурсот во 2005 година за авион за обука на руското воено воздухопловство, а неговите први примероци се воведени во оперативна употреба во 2009 година. Руското воено воздухопловство располага со 130+ вакви апарати. Се планира производство на 250 единици за потребите на руското воено воздухопловство, а на светскиот пазар вкупната побарувачка за авионите Јак-130 е околу 2.500 единици, со тенденција за понатамошен пораст по ваквите резултати. За еден Јак-130 треба да се издвојат 15 милиони американски долари, што во однос на западната конкуренција е мошне поповолна цена. Имено, за еден авион како што е на пример британскиот БАЕ Системс Хок Т2, можат да се купат дури два Јак, а како што гледаме рускиот авион во летните параметри е значително подобар од својот ривал.

ЛИМА е еден од најголемите воени саеми во Азиско-Пацифичкиот регион на кој учествуваат голем број компании од целиот свет. Тој од 1991 година редовно се одржува на малезискиот остров Лангави под патронат на Министерството за одбрана на оваа земја. Саемот трае четири дена, а ќе се одржи од 26 до 30 март годинава.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња