Силната бура на 8 март 2017 година во целост го уништи прочуениот „Азурен прозорец“, позната карпа во облик на лак it-Tieqa Żerqa на островот Гоѕо во близината на Малта. Архитектот Светозар Андреев (во соработка со дизјанерката на ентериери Елена Британишко) предложи прочуената туристичка атракција и природна убавина да се реконструира со помош на современи материјали и така да се создаде нов симбол на Малта и нејзина нова знаменитост.
Неговата идеја е обликот на засекогаш изгубената карпа да го преземе четирикатен спирално организиран изложбен простор со површина од околу 5.000 квадратни метри. Целата конструкција ќе биде обложена од огледални челични панели кои бесконечно ќе ја рефлектираат сончевата светлина и нејзиното огледување во водата, па на тој начин ќе се зголеми значењето, привлечноста и величественоста на градбата.
Станбениот облакодер во самото срце на Њујорк, на Петтата авенија, е веќе во изградба. Ќе биде висок над 300 метри. Тимот на чело со Јуриј Григорјан предложи тесна конструкција со само еден стан на кат. Носечката конструкција и сите комунални системи притоа се поставени на западната страна и се одделени од останатите делови на зградата. Така е добиен флексибилен и провиден станбен простор и импресивен поглед од три страни на зградата.
Освен тоа, архитектите успеаја да постигнат висока енергетска ефикасност на градбата: затворената јужна фасада на носечкиот дел од зградата ќе биде во целост покриена со соларни батерии, а на еден од техничките катови ќе се наоѓа контејнер за мраз како дел од системот за ладење.
Овој проект е успешно завршен уште во 2013 година. Тоа беше еден од најважните настани во историјата на современата руска архитектура. Камерното здание со површина од нешто помалку од 500 метри квадратни е наменето за сместување на архитектонски цртежи што ги има собрано еден од основачите на бирото Спич, архитектот Сергеј Чобан.
Првото парче во неговата колекција е скица на театар на Пјетро Гонзаго, чии фрагменти се употребени при проектирањето на фасадата. Бетонските ѕидови на градбата практично немаат прозорци и имаат улога на „термос“, обезбедувајќи висока енергетска ефикасност и овозможувајќи во внатрешните простории да се одржи потребната температура и влажност за чување на цртежите.
Овој необичен проект е првобитно изработен за меѓународниот конкурс на УНЕСКО. Според замислата на архитектите, малиот центар за одмор (од само 150 квадратни метри) на Хималаите со на висина од 4.600 метри би требало да предизвика најразлични асоцијации: шатор, пагода, планина, индиски храм шикхара (кој е слика на планински врв), непалски гест за поздрав намасте, па дури и месечина. На тој начин на градбате истовремено би и се дал силен идентитет, таа би се вклопила во импресивната природа и би се постигнало потребното психолошко позитивно влијание врз алпинистите. Но, по разорниот земјотрес во Непал проектот беше преосмислен и сега се реализира како база за сателитски комуникации.
Некогашниот руски банкар, а денес само државјанин на Монако, Василиј Кљукин е заинтересиран за сите видови творештво. Самоук архитект е само едно од неговите лица. Своите впечатливи кичести проекти им ги нуди на најразлични градови на планетава. Облакодерот во облик на издигната кобра е осмислен во контекст на азиската култура каде змиите и змејовите се почитуваат како чувари на богатството, тие се симбол на бесмртноста и на мудроста. Но, во визуелизациите впечатливата силуета на кобра е прикажана не само во контекст на шангајскиот, ами и на лондонскиот и на њујоршкиот пејзаж, за да се покаже нејзината универзалност. Внатре можат да се сместат канцеларии, станови, а во отворената уста е замислена тераса со ресторан и со ноќен клуб. Променливото и јарко осветлување е задолжително зашто дава илузија како змијата да ја менува кожата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче