„При изведувањето на боевото гаѓање применивме ракети-мамци кои имитираа беспилоти летала и стандардни воздушни цели со кои управува пилот какви што се авионите на тактичката авијација и борбените хеликоптери. Целите се наоѓаа на висина до 7000 метри“, нагласуваат од информативната служба на Јужниот воен округ.
Според информациите од воени извори, на воениот полигон „Ескиј“ е креирано максимално тешко сценарио кое мораа да го решат екипажите на ракетните ПВО-системи со краток дострел „Оса“ и „Тунгуска“. Во воздухот во секој момент се наоѓаа по осум плотунски лансирани ракети-мамци. Притоа, екипажите на овие системи дејствуваа „на слепо“ (информациите за количината и тајмингот на лансирање на ракетите-мамци беа непознати за екипажите). Вкупно во оваа вежба ПВО-екипажите реализираа преку 40 различни сегменти во рамките на вежбата, при што се соборени повеќе од 30 различни воздушни цели, пренесува интернет-порталот РГ.
По завршувањето на сегментот на вежбата кој беше поврзан со борба против воздушни цели, се помина на дејство по поморски цели кои имитираа десантни бродови и брзи чамци на условниот непријател. Со помош на автоматските топови 2А38 со калибар 30 мм, кои се наоѓаат во вооружувањето на хибридниот ракетно-топовски систем „Тунгуска“, одбиен е обид за десант на противнички механизирани единици.
Во вежбата вкупно беа ангажирани околу 800 војници и офицери, со неколку десетици единици различна борбена техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче