Руски физичари го враќаат времето наназад

Алексеј Гингазов/Russian Look/Global Look Press
Руски научници заедно со своите колеги од САД и од Швајцарија го принудија квантниот компјутер да се врати за дел од секундата наназад и со тоа да го „прекрши“ вториот закон за термодинамика.

Истражувањето е објавено во списанието „Саентифик репортс“.

„Тоа е само еден од серијата трудови посветени на можноста за кршење на вториот закон за термодинамика. Станува збор за закон кој е тесно поврзан со разликата помеѓу минатото и иднината. Сега му пристапивме на проблемот од трета страна, односно вештачки создадовме таква состојба на системот која се развива во спротивна насока од гледна точка на вториот закон за термодинамика“, вели Гордеј Лесовик од Московскиот физичко-технички универзитет, а пренесува РИА Новости.

Еден од темелите на современата физика е концепцијата „стрела на времето“ каде времето се опишува како права која се движи од минатото во иднината.

Од гледна точка на физиката тоа се потврдува со „вториот закон на термодинамиката“ кој тврди дека за вселената е карактеристичен порастот на ентропијата (состојба на неуредност, хаотичност). Токму од таа причина перпетуум мобиле е мечта која никогаш нема да се оствари.

Но, пред три години Гордеј Лесовик заедно со колегите откри дека вториот закон за термодинамиката може да биде прекршен на квантно ниво. По ова откритие е направен квантен еквивалент на „Максвеловиот демон“, измислен ентитет кој ги распоредува брзите и бавните молекули.

Подоцна на руските научници им тргна од рака да ја реализираат оваа идеја, по што физичарите дојдоа на идеја да го изведат следниот експеримент: поаѓајќи од својствата на квантниот свет да го разбијат „Максвеловиот демон“ на неколку дела и да ги отстранат еден од друг на релативно големо растојание. Задачата е успешно завршена.

Како што вели Лесовик, логично продолжение на овие експерименти било да се тестира дали може времето самостојно да тргна наназад, барем кога станува збор за една честица со чие однесување управуваат законите на квантната физика.

Со цел реализација на експериментот, научниците проверија дали може електронот, кога е во празен простор, самостојно да се врати наназад за одреден период. Ја применија Шредингеровата равенка за лоцирање честици во конкретен момент. Пресметките се темелат на идејата дека положбата на честиците во просторот постепено ќе се менува под дејството на „стрелата на времето“.

Излезе дека електронот може да дојде во иднината, односно да се врати во состојбата во која се наоѓал неколку моменти претходно. Но, според пресметките на Гордеј Лесовик и на неговите колеги, вакво нешто може да се случи крајно ретко, отприлика еднаш за сето време на постоење на вселената, па и тогаш честиците се враќаат во минатото за 0.06 наносекунди.

Руските и странските научниците ја изведоа оваа операција „рачно“, користејќи квантен компјутер „во облак“ на фирмата Ај-Би-Ем. Соединија два или три кубити (најмал елемент за чување податоци во квантен компјутер) компјутерски модули и мемориски ќелии за компјутер, а потоа ги наполнија со определен збир броеви почнаа да манипулираат со содржината. Нивото на хаосот во тој квантен систем започна молскавично да расте.

Штом ентропијата дојде до определена точка со работата на кубитите почна да управува друга програма. Таа ги доведе до состојба во која понатамошното движење е насочено кон воспоставување поредок, а не кон хаос. Така кубитите на определено време се вратија во првобитната положба.

Физичарите истакнаа дека овој експеримент не е успешен секој пат. Неуспесите можат да бидат предизвикани со грешки во работата на квантниот компјутер.

Лесовик и неговите колеги планираат да продолжат да работат во оваа насока и да создадат механизам за побрзо „враќање на времето“ со цел да манипулираат со состојбата на што поголем број кубити.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња