Проекти пред своето време: Ласерски летачки транспортер, суперманеварбилен ловец, неуловлив тенк

Пашковски/Sputnik
Овие прототипи своевремено го потресоа целиот свет, а потоа мистериозно беа препуштени на заборавот.

Секое оружје многу пати се тестира пред да се пушти во сериско производство. Во рускиот арсенал постои цела низа уникатни и ексклузивни системи за вооружување кои ги немаат минато строгите државни тестирања, но засекогаш се влезени во историјата на индустријата за оружје. 

Транспортни авиони со ласерски топови 

А-60, советска/руска експериментална летачка лабораторија, носач на ласерско оружје е направен врз база на авионот Ил-76МД. Наменет е за истражување на ширењето на ласерските зраци во горните слоеви на атмосферата, а подоцна и за попречување на непријателското набљудување.

Кон средината на седумдесеттите години од минатиот век инженерите се обидоа да го направат првото руско ласерско оружје кое би можело да соборува авиони како што тоа го прават Екс-вингс во филмовите „Војна на ѕвездите“. 

За првото тестирање конструкторите го избраа огромниот транспортен авион Ил-76МД. Овој познат авион стана сосема нова „птичка“ кога му беа додадени ласерски топови. 

Така авионот наместо вообичаениот конус на клунот доби купола за насочување на ласерскиот зрак. Покрај тоа доби и два големи аеродинамични носачи под трупот со дополнителни генератори за напојување на ласерското оружје.

Но, технологиите од тоа време не можеа да обезбедат отпорен и стабилен ласер кој би можел да уништува метални цели во различни временски услови. За ликвидација на воздушните цели со ласери од седумдесеттите години од минатиот век беше потребно идеално сончево време без дожд, магла итн. Покрај тоа, дури и со два дополнителни генератори под авионот секоја негова употреба трошеше многу енергија, така што ласерите се гаснеа веќе по 2-3 дејствија.

Од таа причина воениот врв одлучи да се одложи ласерската програма и да се реинвестираат парите во други потенцијални проекти од тоа време. 

Су-47 „Беркут“ 

Сухој Су-47 „Беркут“, ловечки авион и експериментална летачка лабораторија.

Прототипот на ловечкиот авион Су-47 „Беркут“ се појави кон крајот на дваесеттиот век. Тоа беше прв авион на руското воено воздухопловство со крила свртени нанапред под остар агол, односно со таканаречена свртена стрела. 

Благодарение на таа иновација авионот доби извонредни маневарски способности зашто пилотите можеа многу подобро да управуваат со леталото при помали брзини. Освен тоа, композитните материјали целосно ја намалија видливоста на авионот за тогашните радари.

Овој прототип навистина имаше голем воен потенцијал, но постоеше и еден проблем: крилата и трупот поради својата специфична конструкција можеа да бидат направени само од скапоцениот карбон зајакнат со јаглеродни влакна и пластика, што во сериското производство би претставувало големо оптоварување за буџетот, а да не зборуваме за средствата што военото воздухопловство би морало да ги троши за опслужување на авионот Су-47.

Од таа причина ова на ова летало не му беше судено да стане сериски руски ловечки авион, но затоа тоа стана идеален инструмент за тестирање на најновите воени технологии кои се користени во моделот Су-36 од генерацијата 4++, па дури и на последниот Су-57 од петтата генерација.

Постои само еден примерок од авионот Су-47 и тој се наоѓа во Летачко-истражувачкиот институт „Громов“ во Подмосковје. 

Најнискиот руски тенк

Најнискиот руски тенк, Објект 775

Руските воени инженери кон средината на шеесеттите години од минатиот век експериментираа на создавањето „непобедливи“ тенкови вооружени со ракети. Во тоа време не постоеше научно-фантастичните технологии од романите на Реј Бредбери, така што дизајнерите се задоволуваа со намалените габарити на новите машини. Така руската војска го доби најнискиот тенк со ознака Објект 775. 

Во новиот тенк можеа да влезат само двајца членови па посадата наместо „стандардното трио“, и тие цело време се наоѓаа во изолираната кабина на куполата опкружена со тони метал, мотори и други слични елови. Ваквото конструкторско решение го „сплеска“ тенкот, така што тој беше висок само 170 сантиметри, што е за еден метар помалку од другите тенкови од тоа време.

Машината беше вооружена со мошне разорни ракети, но нискиот профил на тенкот во голема мера ја стеснуваше прегледноста на теренот, така што за екипажот, тенкот и неговото вооружување, секоја препрека претставуваше проблем. 

Ракетите се насочуваа со помош на инфрацрвен сноп и беа толку чувствителни што ги попречуваше дури и димна завеса, а особено поцврстите физички препреки или висината на тревата. Така потенцијалните предности на овој тенк истовремено беа и негова слаба страна, така што проектот беше препуштен на заборавот.

Денес постои само еден ваков тенк и тој се наоѓа во музејот „Патриот“ во парк во Подмосковје.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња