„Демонстраторот на хибридната погонска единица со електричен мотор заснован на модел на високотемпературна суперпроводливост наскоро ќе биде испитан во летечка лабораторија. Погонските единици конструирани врз основа на оваа технологија можат да бидат употребени за развој на цел спектар воздушни летала, вклучувајќи и такви со повеќе ротори“, пренесува информативната служба на Фондот за перспективни истражувања (ФПИ).
Според пишувањето на рускиот интернет-портал РИА „Новости“, првиот лет на патничкото летало кое го движат електромотори е планиран за 2020 година.
Во кругот на Централниот институт за развој и производство на воздухопловни мотори (ЦИАМ-Москва) се завршени демонстративните испитувања на електричен мотор со високотемпературни суперпроводници кој генерираше сила од 500 кВт.
„Во план имаме понатамошно зголемување на специфичната сила на моторот која ќе ја достигнеме благодарение на употребата на ВТСП-материјали од втора генерација во конструкцијата на погонот, кој ќе биде ладен со течен азот“, напомнуваат од Фондот за перспективни истражувања. Употребата на ВТСП-материјали од нова генерација битно ќе влијае на димензиите на моторот и неговата маса, како и на изработката на сите хибридни погонски единици засновани на нова технологија.
Главната карактеристика на суперпроводниците е значителното намалување, поточно целосното отсуство на електричен отпор, но и на магнетно поле во внатрешност на самиот материјал.
ВТСП-електромоторите ќе можат да најдат примена во електричните и хибридните погонски агрегати-мотори кои би биле вградени во авионите кои опслужуваат превоз на патници на локални воздушни линии, потоа кај перспективните летала за вертикален транспорт, аеротаксито со вертикално полетување и слетување и сл.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче