ТОП-5 несмртоносни модели рачно оружје за 2018 година (ФОТО)

Во овој текст ви ги претставуваме петте најдобри несмртоносни типови рачно оружје кое е достапно за јавноста.

ОСА-4-2

Станува збор за руски пиштол со капацитет од четири патрони со калибар од 15.5 милиметри кој на пазарот на несмртоносно оружје претставува еден од најсилните модели во својата класа. Тој користи пет типа муниција:

  • Аеросолна
  • Сигнална
  • Трауматска
  • Светлосно-звучна
  • Осветлувачка

Претставува оружје од новата генерација. Поседува ласерски нишан за обележување на целта, нова анатомска дршка која ја подобрува ергономијата на оружјето со модифицирани рачни контроли.

T-15F

Овој несмртоносен пиштол го има произведено словачката компанија Grand Power. T-15F е еден од најпопуларните несмртоносно пиштоли на светот.

Неговата муниција се произведува со калибар 0.45 ACP. Овие проектили можат да летаат со брзина во распон од 150-180 метри во секунда, а рамката која оди со оружјето има капацитет од 10 куршуми.

Terminator

Станува збор за многу силна несмртоносна „пумпарица“ од турски производител која користи четири типа муниција. Пушката е тешка 1.7 килограми, додека нејзината должина изнесува 490 милиметри.

Проектилот исфрлен од ова оружје генерира кинетичка енергија од 90 џули, што е повеќе од дозволеното за неутрализирање на потенцијален напаѓач.

Safegom

Ова е несмртоносен пиштол во облик на револвер кој користи муниција со калибар од 11.43 милиметри. Оружјето е од француско потекло. Корисниците наведуваат дека револверот има удобна дршка, но и прилично слаба енергија на проектилот во однос на пазарните конкуренти.

Претставува совршено оружје за почетниците кои сакаат да се заштитат.

NЕО

Уште едно оружје од руски производител кое во суштина претставува понатамошен развој на несмртоносниот пиштол ОСА. Пиштолот е направен од композитни материјали, со мошне ограничена употреба на делови од метал. Исто така, се користи и сосема нова муниција од 15х40 милиметри. Благодарение на овие интервенции, пиштолот доби на својата вкупна ергономија и на ефикасноста при употребата.

Како и кај својот претходни, пиштолите НЕО покрај стандардниот механички нишан поседува и ласерски нишан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња