Првото советско моторно возило за лица со инвалидитет се појави 1947 година и беше вистинска голтка свеж воздух за воените ветерани-инвалиди.
Мотоциклот со приколка КМЗ К-1В, вистина, не беше идеално возило и често бараше ремонт. Возачите-инвалиди иронично го нарекува „Фала му на Хитлер“.
Овој мини автомобил можеше да се управува само со раце, а постоеше и посебен модел за управување со една рака.
Поради единствениот преден фар СМЗ С-1Л меѓу народот беше познат како Киклоп.
Кон крајот на 50-те се појави СМЗ С-3А на четири тркала. Возилото беше тешко 425 кг и беше тоа вистински голтач на бензин - 1 литар на 20 км. За волја на вистината, тоа многу не ги загрижуваше возачите, затоа што бензинот тогаш не беше скап.
Најпопуларниот автомобил за лицата со инвалидитет во Советскиот Сојуз беше СМЗ С-3Д, меѓу народот познат како „инвалитка“. Произведени се преку 230000 вакви автомобили. Инвалидите ги добиваа бесплатно. По две и пол години користење имаа право на бесплатен ремонт, а по уште толку можеа да го вратат старото возило и да добијат ново. Сѐ на државен трошок!
ЗАЗ 968 беше бучен и тесен, но возачите го ценеа затоа што се движеше по нерамен терен и беше лесен за поправка. Постоеја различни модели за различни видови инвалидитет.
Ова е еден од последните автомобили произведени во СССР и последен за лицата со инвалидитет. За разлика од претходниците, СеАЗ-1111-01 имаше удобен и широк салон. Возилото се произведуваше до средината на 2000-те.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче