„Покажавме дека на Марс постојат неколку големи области кои околу една третина се составени од воден дел. Две се наоѓаат на речиси спротивни точки на северната и на јужната полутопка. Областа која е стационирана кај нултиот меридијан и екваторот на планетата го доби името Голема водена територија“, рече претставникот на Институтот за космички истражувања при РАН Игор Митрофанов.
Во последниве години се појави уверување дека на површината на Марс во длабокото минато постоеле реки, езера и океани кои содржеле речиси исто количество вода колку и Северниот леден Океан на Земјата. Од друга страна, дел од планетолозите сметаат дека порано Марс бил многу студен за океаните да бидат константно присутни, и дека неговата вода можела да биде во течна состојба само за време на изливањата на вулканите. Неодамнешните истражувања со помош на телескоп покажаа дека во изминативе 3.7 милиони години Марс има изгубени цел еден океан вода со која би можела да биде покриена целата површина на Црвената планета во длабочина од 140 метри. Засега не се знае каде исчезнала таа вода.
Една од клучните задачи на споменатата сонда е да најде одговор на прашањето каде исчезнала водата која во далечното минато ја покривала површината на оваа планета. Научниците ги проучуваат промените на концентрациите на вода во атмосферата на Марс и прават мапи на нејзините резерви на површината. За таа цел се користат уреди кои се смислени во Русија, неутронскиот детектор FREND и спектрометарот ACS.
Игор Митрофанов и неговиот колега Олег Карабљов, еден од научните раководители на мисијата, ги соопштија првите резултати од истражувањата. Уредите собрале голем број податоци, многу поголем од оние до кои е дојдено во други слични мисии кои се работеле на орбитата повеќе од десет години.
„Благодарение на високата резолуција на детекторот FREND на нашите мапи можат да се видат некои карактеристики на релјефот на Марс, да кажеме кањонот во долината Маринер на чие дно, веројатно, се собираат глечерите кои се лизгаат низ карпите. На тој начин можевме да ги видиме и 'сувите' врвови на вулканот Олимп и на неговите соседи“, рече Митрофанов.
Како што се наведува, истражувачите не можеле да најдат јасна граница помеѓу зоната на „вечниот мраз“ и „сувите“ подрачја на северната полутопка од планетата, но пронајдена е на јужната. Научниците допрва треба да ги пронајдат причините за оваа аномалија.
Таа можеби може да се објасни со разликите во геолошката историја на полутопките на Марс. Јужниот дел се формирал во далечното минато и речиси не се менувал, додека северната полутопка претрпела бројни промени од гледна точка на еволуцијата на внатрешноста на планетата. Овие разлики и присуството на резерви мраз кај екваторот и во тропските широчини говорат за тоа дека нивното формирање исто така влијаело на помрднувањето на оската на Марс.
Според Митрофанов, сондата детално ги проучила резервите на вода во околу триесет отсто од регионот на планетата, при што поларните региони на Марс поради специфичноста на орбитата ЕкзоМарс-ТГО ќе останат речиси непроучени. Научниците, сепак, се надеваат дека тоа ќе се случи до завршувањето на главната мисија или по нејзиното продолжување од страна на Европската вселенска агенција. Според Митрофанов, картите ќе бидат интересни не само за научниците, ами и за идните доселеници на Марс чие преживување ќе зависи од постоењето и од достапноста на извори на вода.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче