„До неодамна се чинеше дека Русија нема да може да направи технолошки продор во одбранбената сфера“, рече Путин и додаде „на пример, проектот за создавање на хиперсоничниот планирачки блок „Авангард“ според своето значење е споредлив со лансирањето на првиот вештачки сателит во Земјината орбита“, пренесува интернет-портал Газета.РУ.
Првиот ракетен полк за стратешка намена кој ќе биде опремен со ракети „Аванград“ ќе стапи на боево дежурство во Домбаровската дивизија која се наоѓа во Оренбуршката област. Токму единиците на оваа ракетна дивизија го изведоа успешното пробно лансирање на оваа ракета.
За време на тестирањето хиперсоничниот крстосувачки блок реализираше сложена траекторија на летање и успешно ја погоди условната цел на полигонот Кура. Веднаш по успешното завршување на практичното испитување на „Авангард“ претседателот ги пофали сите луѓе кои работеа на создавањето на ова оружје кое се наоѓа пред своето време, како и војниците кои успешно ги реализираа сите поставени задачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.