Руската армија кон крајот на април ја добива првата група длабоко модернизирани хеликоптери Ми-28НМ

Слободан Ѓукиќ

Холдингот „Хеликоптери на Русија“ ќе ѝ ја испорача на руската армија првата група модернизирани модернизирани јуришни хеликоптери Ми-28НМ „Ноќен ловец“ кон крајот на април оваа година. Ова денеска го соопшти генералниот директор на холдингот Андреј Богински, пренесува интернет-порталот ТАСС.

„Поради тоа што се работи за опитна група хеликоптери, испораката е закажана за крајот на април тековнава година“, рече првиот човек на холдингот „Хеликоптери на Русија“.

Неодамна беше соопштено дека првите две летала Ми-28НМ веќе требало да бидат испорачани на Министерството за одбрана на РФ, но сето тоа е одложено за неколку месеци.

Ми-28НМ претставува развоен проект на холдингот „Хеликоптери на Русија“. Борбената машина е способна да изврши широк спектар задачи како што е борба против непријателска оклопна техника, нисколетечки воздушни цели кои се движат со мала брзина, операции за извидување, како и означување на целта за други хеликоптери и борбени авиони. Она што е особено интересно е сериозното техничко унапредување на функциите за управување на хеликоптерот. Имено, инженерите конструираа систем на двојни команди, што драстично го зголемува степенот на преживување доколку дојде до ранување на еден од членовите на екипажот.

Во однос на основната верзија на „Ноќниот ловец“, двојно е зголемена зоната на откривање на цели и подобрени се маневарските способности на леталото, интегриран е посилен мотори и додадено е високопрецизно вооружување со зголемен дострел.

Прочитајте повеќе: Како во САД ја оценуваат модернизацијата на офанзивниот хеликоптер Ми-28 „Ноќен ловец“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња