Русија брзо го враќа ударот: Копнената верзија на „Калибар“ спремна веќе до крајот на оваа година

Global Look Press
Неименуван извор од руската наменска индустрија која се занимава со производство на крстосувачки ракети изјави дека копнената верзија на системот „Калибар“ ќе биде готова веќе кон крајот на оваа година и подготвена за масовно производство откако САД излегоа од Договорот за ликвидација на балистичките ракети со мал и среден дострел.

Русија веќе до крајот на оваа година може да го направи првиот ракетен систем со копнено базирање кој ќе биде вооружен со крстосувачка ракета со голем дострел „Калибар“ (над 2500 км). Ова за интернет-порталот ТАСС го изјави неименуван извор од корпорација која се занимава со производство на овие далекуметни ракети.

„Ракетниот комплекс со копнено базирање „Калибар“ вооружен  со истоимената ракета може да биде комплетиран и пуштен во сериско производство веќе до крајот на оваа година“, рече соговорникот на оваа медиумска куќа.

Русија првично нема да почне со масовно производство на наведеното вооружување. Тоа ќе зависи од понатамошните потези на САД особено кога е во прашање нивното ракетно присуство на територијата на Европа. Доколку дојде до зголемување на присуството на офанзивни ракетни потенцијали во европскиот континентален театар, Русија реципрочно ќе одговори на тој потег. Доколку ситуацијата ескалира, не треба никој да се сомнева во способностите на рускиот воено-индустриски комплекса да произведе стотици, па и илјадници крстосувачки ракети „Калибар“, вклучувајќи ја и адаптираната верзија на хиперсоничниот ракетен комплекс „Кинжал“.

Тој притоа објасни дека за практична реализација на копнена верзија на ракетниот комплекс „Калибар“ е потребно многу кратко време, затоа што оваа ракета веќе одамна се наоѓа во вооружувањето на руската армија (поморските борбени капацитети), а кој покрај неброено голем број вежби ја помина и својата борбена примена. „За да се пренамени оваа ракета во оружје од класата „земја-земја“, неопходно е да се воведат некои измени во комплексот на управување и да се измени програмата која ја обезбедува неговата функција“, рече изворот.

Неодамна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека копнената варијанта на ракетниот комплекс „Калибар“ со ракета со голем дострел ќе биде направена најдоцна до крајот на 2020 година. Тоа е една од возвратните мерки која уследи по унилатералното излегување на САД од Договорот за ликвидација на балистичките ракети со мал и среден дострел, кој оваа држава го потпиша уште со СССР (правен наследник е Русија).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња