Тенкот Т-14 "Армата"
ShutterstockСпоред воениот експерт Алексеј Хлопотов, проектот за перспективниот тенк „Бурлан“ е резултат на работата на група конструктори од Санкт Петербург.
Него основа е поранешниот советски проект од осумдесеттите години од минатиот век под назив „Објект-299“ или „тенк на гранични способности“. Неговата конструкција и надворешен изглед најверојатно би биле слични на серијата перспективни борбени оклопни машини чии проекти не се реализирани до крај. Потсетуваме дека советските тенковски инженери имале намера од „Објект-299“ да направат универзална борбена платформа врз чија база освен основен борбен тенк, би бил проектирано и тешко борбени оклопно возило за пешадијата, самоодни хаубици, средство за огнена поддршка на оклопно-механизираните единици, но и други помошни возила за специјални намени.
«Объект 299». Танк предельных параметров и семейство техники. https://t.co/5kqwhfKHvMpic.twitter.com/WNMM1ih5O3
— ☭КраснаяАрмия (@PKKARMYA) January 24, 2019
Основната разлика помеѓу „Бурлан“ и „Армата“ е во погонскиот блок. „Бурлан“ би го придвижил гасна турбина (најверојатно модернизиран гаснотурбински мотор ГТД-1250) кој би генерирал речиси 1.400 коњски сили. Уште една особеност на перспективниот тенк би била широката употреба на различни елементи од основниот борбен тенк Т-80, со што во голема мера би се намалила вкупната цена на неговото производство. Кога станува збор за основното оружје, односно за тенковскиот топ, тој, според мислењето на воениот стручњак би бил ист како и кај тенкот Т-14 „Армата“. Значи, станува збор за модел на тенковски топ 2А82 со калибар од 125 милиметри.
Засега овој проект се наоѓа само на технички нацрти. Изгледот на перспективниот тенк „Бурлан“ и натаму останува непознат.
Неодамна на Интернет беше објавена фотографија на советскиот перспективен тенк „Објект-490“, кого го нарекоа „дедо на тенкот Армата“. Машината е замислена како амбициозен проект во рамките на големата програма за развој на основниот борбен тенк од новата генерација кој содржи револуционерни новини кои подразбирале конструкција на корпусот на тенкот, кој однатре би бил разделен со прегради на неколку изолирани отсеци. Но, работата на овој проект е завршена во 1984 година.
ОБТ Т-14 „Армата“ практично според сите карактеристики ги надминуваат сите тенкови кои сериски се произведуваат во Русија, но и во странство. Неговата главна борбена карактеристика е навистина високиот степен на заштита која се состои од пасивна и од активна оклопна заштита за која во моментов во светов не постои аналог, потоа одлична подвижност и проодност, како и голема огнена моќ. Основното вооружување на тенкот е новата генерација тенковски топ 2А82 со калибар од 125 милиметри, со перспективна муниција и дигитализиран систем за управување со оган. Сите „работни“ места на кои се наоѓаат членовите на посадата се покриени со видеокамери и со друга сензорика. Исто така, за време на неговата изработка користена е технологија на редукција на топлотната и на радарската рефлексија на тенкот, со што се добиени високи „стелтни“ карактеристики.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче