Иронија на судбината: Советски тенк-ветеран Т-34-85 уништен од ракета истрелана од руски „Корнет“

Слободан Ѓукиќ
Пред неколку дена бевме сведоци на уништување на познатиот тенк Т-34-85 кој го употребуваа јеменските милиции кои го поддржуваат просаудискиот претседател Хади. Тенкот беше погоден од Хутите со „убиец на тенкови“ кој е смртоносен и за најмодерната оклопна техника што се произведува во светот.

Изворот напоменува дека тенкот-ветеран е уништен со наведувана ракета 9М133-1 која е лансирана од современиот противтенковски ракетен систем „Корнет-Э“. Овој систем е познат по тоа што во рацете на вешти оператори може да уништи современи борбени тенкови кои имаат неспоредливо посилна оклопна заштита, како на пример американскиот тенк „Абрамс“, наведува интернет-порталот „Бог-рата“.

Државата Јемен ги набави од Русија овие „убијци на тенкови“ уште пред почетокот на граѓанската војна. Покрај тоа, кај Хути милициите се забележани и ирански копии на овој систем под називот „Dehlaviyeh“.

Спротивставените страни во Јемен и понатаму интензивно продолжуваат да употребуваат различни наведувани противоклопни средства, кои последнава деценија и пол станаа хит во практично сите конфликти на просторот на Блискиот Исток. Тука се присути уште и малку постарите но и понатаму многу убојни ракетни системи од советско производство „Фагот“ и „Конкурс“, со чија помош секојдневно се уништуваат оклопни возила за различна намена, вклучувајќи и саудиски основни борбени тенкови од американско производство М1А2S.

И тоа не е сѐ. Во епизодни улоги се појавува и ракетниот систем од прва генерација „Маљутка“, развиен во 60-те години од минатиот век.

На ова боиште се присутни и противтенковските ракетни системи „Метис“ кои всушност претставуваат полесна верзија на системот „Корнет“. Со нив се забележани успеси во борбата против непријателските „оклопници“ кои ги претставуваа тенковите М60А3, АМХ-30 и оклопното возило на тркала LAV-25.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња