„Роскосмос“ објави видео од тестирањето на вселенскиот брод „Федерација“

wikipedia.org / Федеральное космическое агентство/CC BY 4.0

Во спроведениот експеримент е моделирана активноста на космонаутите во текот на летот.

Врз основа на видеото од тестирањето на вселенскиот брод „Федерација“ во ракетно-космичката корпорација „Енергија“, кое „Роскосмос“ го објави на социјалната мрежа „Твитер“, може слободно да се заклучи дека летовите во вселената за космонаутите отсега ќе бидат далеку поудобни, пренесуваат руските медиуми.

Во наведеното испитување учествуваа началникот на летечко-космичкото одделение на ракетно-космичката корпорација „Енергија“ Марк Серов и главниот тест-инженер Јуриј Лимански во својство на оператор, како и помладиот научен соработник на Институтот за медицинско-биолошки проблеми Стефанија Федјај. Тие ја испробаа масата за ручање (која инаку не постои во бродот „Сојуз“) и испитувајќи ги ергономските карактеристики на бродот утврдија дали во текот на автономен лет може да се отиде во тоалет. Тие контролираа и дали ширењето и сушењето на скафандерот функционира непречено.

Стефанија Федјај беше во улога на вселенски лекар мерејќи го пулсот и контролирајќи го експериментот „Алгометрија“ во кој се испитува прагот на чувствителност на болка. Како што е наведено во придружниот текст, се работи за комплексен експеримент за моделирање на активноста на екипажот во текот на пилотиран лет на перспективниот транспортен вселенски брод „Федерација“.

Како што пишувавме деновиве, во Русија е покрената иницијатива за формирање одред од жени-космонаути за летови во Земјината орбита.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња