Како што пренесува интернет порталот РГ, во државната корпорација „Ростех“ е направен нов премаз од композитни компоненти кој драстично ја зголемува апсорбцијата/впивањето на радарските бранови, а со самото тоа и невидливоста на леталото. Целиот проект во пракса е реализиран од инженерите на Научно-производственото претпријатие од Обнинск, кое се наоѓа во состав на корпорацијата „Ростех“.
Специјалниот композитен премаз ќе има своја употреба на авионите С-57, Су-30, Су-34, Су-35, МиГ-29К и Ту-160. Премазот се нанесува во ултратенок слој со дебелина од 70-90 нанометри, кој покрај апсорпцијата на радиобрановите има способност да го заштити пилотот од ултравиолетовото зрачење, високата температура и останатите негативни фактори кои можат да се појават при изведувањето на борбената задача.
Како што нагласија од државната корпорација „Ростех“, новите материјали овозможуваат намалување на ефектот на топлинската сончева радијација за 3 пати, а на ефектот на ултравиолетово зрачење за 4-6 пати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче