Посупериорен и од „Триумф“: Руската армија во 2019 година добива бригаден комплет С-300В4

Слободан Ѓукиќ
Копнената војска во 2019 година ќе се засили со нови системи за ПВО/ПРО. Тоа пред сѐ се однесува на ракетните системи со голем дострел С-300В4 и со среден дострел БУК-М3, кои се во состојба целосно да го затворат воздушниот простор над подрачјата каде што се одвиваат активни борбени дејствија.

Единиците за противвоздушна обрана на Копнената војска годинава ќе примат во своето вооружување нови ракетни системи со голем дострел С-300В4, како и ракетни системи со среден и мал дострел „Бук-М3 и „Тор-М2“. Ова го соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесува интернет порталот Бог-рата.

„Во 2019 година нашите единици за ПВО кои се наоѓаат во состав на Копнената војска ќе добијат нови противвоздушни ракетни систем. Во план е набавка на бригаден комплет ракетен систем С-300В4, потоа на дивизиони комплети ракетни системи „Бук-М3“ и „Тор-М2“, се наведува во соопштението.

Од министерството напоменуваат дека назначената количина вооружување ќе ги зголеми борбените способности на ПВО која се наоѓа во Копнените единици на руската армија за 1,3 пати.

С-300В4 претставува понатамошна модернизација на ракетните системи С-300В кои се наоѓаат во вооружувањето на Копнената војска на руската армија. Тие пред сѐ се наменети за пресретнување на оперативно-тактички и балистички ракети со среден дострел. Значи, тука во основа се работи за противракетен систем. Покрај тоа, тие можат да се употребат и против останатите воздушни цели, како што се авиони, хеликоптери и сл. За разлика од претходните системи, новиот С-300В4 може да пресретнува проектили на далечини и до 400 км. Според своите севкупни тактичко-технички карактеристики, овој систем ги надминува можностите на системот С-400 „Триумф“. Исто така, комплетниот комплекс со радарско-набљудувачките и нишанските системи, како и со лансирните и логистичките единици е сместен на тенковски шасии на гасеници.

Тешката ракета-пресретнувач која се наоѓа во вооружувањето на системот С-300В4 може да развие брзина од 7,5 маха. Згора на тоа, неговата најнова ракета со ознака 9М82МВ може да достигне брзина од 9 маха и да пресретне цел на далечина од 350 км која се наоѓа во поблиската вселена. Притоа ракетата е високо управлива при својот лет, поточно има одлични маневарски способности при пресретнувањето на својата цел.

Процените се дека благодарение на навистина обемниот пакет модернизација применет на верзијата С-300В4, неговата борбена ефикасност е зголемена за дури 2,3 пати во однос на претходната верзија на овој систем С-300В3. Оваа верзија на системот во моментов претставува можеби и најдобар ракетен систем за ПВО/ПРО на светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња