Воздушно-космичките сили на руската армија и во 2019 година ќе продолжат со своето јакнење. Според годишниот план тие до крајот на оваа година ќе добијат повеќе од 100 авиони и хеликоптери, со што процентот на современо вооружување во ВКС ќе се зголеми на 65% застапеност. Ова на новинарите им беше соопштено од информативната служба на Министерството за одбрана на РФ, пренесува ТАСС.
„Во 2019 година воздухопловството кое се наоѓа во рамките на Воздушно-космичките сили ќе биде посилно за 100 нови и модернизирани авиони и хеликоптери. На овој начин ние ќе го зголемиме процентот на заситеност на единиците на ВКС со современа борбена техника на 65% од нивната моментална бројност“, наведува руското Министерство за одбрана.
Од Министерството за одбрана на РФ потсетуваат дека ВКС во текот на 2018 година добиле повеќе од 100 единици воздухопловна техника. Во таа бројка се најдоа нови повеќенаменски ловци Су-35С и Су-30СМ, потоа нови бомбардери Су-34, ударни хеликоптери Ка-52, различни модификации на хеликоптерот Ми-8, како и школско-борбени авиони Јак-130 и други воздухопловни апарати.
Важно е да се напомене дека во 2018 година во целосен обем е исполнет планот кој се однесува на летовите на пилотите. Во просек пилотите во состав на ВКС насобраа повеќе од 100 часови летање, што е значително повеќе од 2017 година. Имено, вкупните летови во однос на 2017 година се зголемени за 6000 часови.
Во наредната година борбените пилоти своите летечки вештини ќе ги усовршуваат на стратешката воена вежба „Центар-2019“, на сеармиските и меѓународни етапи на конкурсот за летечки вештини „Авиадартс-2019“, како и на воено-техничкиот форум „Армија-2019“, акциите за популаризација на професионалната воена служба „Службата по договор е твој избор“ и други меѓународни воздухопловни манифестации во земјата и во странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче