Руското Министерство за одбрана планира во текот на 2019 година да изведе повеќе од 4000 воени вежби и околу 8500 практични активности, соопшти денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува РИА „Новости“.
„Според предвидените планови, 2019 година ќе биде многу содржајна. Планирано е изведување на повеќе од 4000 воени вежби со различен формат и околу 8500 практични активности на планот на зголемувањето на борбената обука. Основниот напор ќе биде насочен кон подготовка на војската да дејствува во сите услови кои ги наметнуваат современите облици на војување, како и на план на оспособување на командниот состав во управувањето на борбените единици во атипични ситуации“, истакна министерот.
Според него, руското Министерство за одбрана ќе изработи контролен план за подигање на борбената готовност на армијата: „Овој облик на контрола ќе овозможи идентификација на потенцијалните проблема кои не се толку изразени во редовните активности“, напомена Шојгу.
На 3 декември почна зимскиот период на обука во рускаа армија. Министерот за одбрана на РФ истакна дека пред почетокот на зимската етапа во обуката на руската армија е одработен добар подготвителен дел кој се состоел од неколку илјади инструкторски и показни наставни часови, како и зборови на кои е подигнатото нивото на материјално-техничкото обезбедување за зимската обука, технички подготовки и проверка на вооружувањето, како и на воената и специјална техника.
На големиот командно-штабен состанок организиран од рускиот министер за одбрана учествуваа командантите на територијалните воени окрузи од сите видови и родови на руската армија, вклучувајќи ги и раководителите на Република Татарстан, Приморскиот регион и Смоленската област.
Во разговорот со политичките претставници кои дојдоа од различни региони на Руската Федерација, министерот се запозна со социјалниот статус на припадниците на војската и нивните семејства кои живеат таму, со реализацијата на проектот „Јунармија“, како и со градежните прашања кои се однесуваат на завршувањето на работите на филијалите на паркот „Патриот“ кои се градат ширум Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче