Анализа: Кои руски бродови учествуваа во операцијата за запирање на украинскиот „натрапник“?

Alex omen/Wikipedia
Ситуацијата беше многу затегната зашто пловилата од едната и од другата страна беа мошне добро вооружени. Фактот дека овој пограничен инцидент не прерасна во жестока пресметка со употреба на огнено оружје претставува голем успех.

Во раните утрински часови на 25 ноември оваа година, пограничните единици на Федералната служба за безбедност (ФСБ) запре три украински пловила кои ги нарушија руските територијални води во акваторијата на Црното море. Во ФСБ во врска со ова истакнаа дека споменатите пловила не го најавиле своето минување низ руските територијални води, при што опасно маневрирале, оглушувајќи се на предупредувањата на руските власти да го сменат својот курс...

Руските бродови кои учествуваа во операцијата

Во операцијата за запирање на трите украински пловила (групата беше составена од двата оклопни артилериски чамци „Бердјанск“ и „Никопољ“ со присуство на теглачот „Јан Капа“), а од руска страна учествуваа патролни чамци од класата 12.200 и мал противподморнички брод од класата 1124М.

Ситуацијата беше многу затегната зашто пловилата и од едната и од другата страна биле мошне добро вооружување. Фактот дека овој пограничен инцидент не прераснал во жестока пресметка со употреба на огнено оружје претставува голем успех.

Секој од овие патролни чамци во своето вооружување имаат ракетно-артилериски комплекс „Вихр-К“ кој е наменет за борба против површински пловила. Благодарение на својата голема огнена моќ „Вихр-К“ може успешно да уништи не само помали пловни објекти, како што се на пример оклопни чамци или топовници, ами и патролни бродови. Овој комплекс мошне ефикасно може да се употребува и против копнени цели кои се одликуваат со голема отпорност: утврдени огнени точки, основни борбени тенкови, различни оклопни борбени средства и слично.

Ракетно-артилерискиот комплекс „Вихр-К“ во своето вооружување има четири наведувачки ракети со ефикасен дострел 10.000 метри. Покрај овие ракети, тука е и ротациониот топ со шест цевки АК-306 со борбен комплет од 500 гранати со калибар од 30 милиметри, кои благодарение на сите површински објекти на оддалеченост до 4.000 метри. Системот за управување со оган се состои од термовизиски и телевизиски камери, која ја „фаќа“ целта и ги следи сите параметри за време на нејзиното движење.

Притоа, во обезбедување на овие групи патролни чамци се наоѓаше и малиот противподморнички брод „Суздалец“. Овој брод има задача да ја обезбедува водната површина околу поморските бази и да обединува група составена од офанзивни и помошни бродови во поблиската поморска зона. Неговото вооружување е мошне посилно одошто кај патролните чамци.

„Поголемиот брат“

Овој брод е долг над 70 метри. На неговата палуба се распоредени воздушни ракетни системи од типот „Оса-МА“ со борбен комплет од 20 ракети, како и модул АКУ АК-176М кој е вооружен со топ со калибар од 76 милиметри со борбен комплет од 550 гранати.

Во групата бродови се наоѓаат и борбени магацини со торпедно вооружување, како и лансер со повеќе цевки со околу 50 длабински бомби за борба против непријателските подморници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња