Стручњаците спроведоа истражување со палеомагнетна метода која овозможува да се утврди положбата на блоковите на литосферата и нивното движење во просторот пред повеќе милиони години. Анализата на примероците од карпи од арктичките архипелази, меѓу другото од Земјата на Франц Јозеф, Нова Земја, Северна Земја и Новосибирските острови, и овозможи на геолозите да ја проучат „биографијата“ на Арктида, пишува „Известија”.
Се покажа дека континентот постоел и дека се формирал двапати. Првиот пат блоковите на литосферата се споиле пред неколку милијарди години. Тогаш Арктида била дел од суперконтинентот Родинија. Пред околу 750 милиони години тој се распаднал потполно.
Вториот пат Арктида се формирала пред околу 250 милиони години и била дел од новиот суперконтинент Пенгеја. По неговиот распад, во времето на настанување на Северниот леден океан, фрагменти н втората Арктиде се повторно прераспоредени, формирајќи го арктичкиот епиконтинентален појас, истакнуваат истражувачите.
Научниците исто така го проучија митот за древната северна земја Хипербореја и хиперборејскиот народ, за кои пишувал староримскиот научник Плиниј Постариот. Геофизичарите се уверени дека хипотезата за тоа дека оваа митска земја ѝ припаѓала на Арктида нема смисла.
„Ние зборуваме за геолошко тело кое постоело пред повеќе стотици милиони години. Се разбира дека во таа доба не постоела никаква цивилизација”, истакна вишиот научен соработник на лабораторијата за геодинамика и палеомагнетизам на Институтот за нафтена и гасна геологија и геофизика „Андреј Трофимук” при Сибирското одделение на РАН Николај Матушкин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче