Сега секој ќе може да „полета“: Русите направија ултралесен авион за кој не е потребна дозвола

Скриншот

Во Русија е тестирано ултралесно летало за чие управување не е потребна дозвола, изјави стручњакот од Интерсекторскиот авиоекспертски совет Виктор Галенко.

„Уникатноста на ова летало лежи во фактот што неговата маса е толку мала што според руските и меѓународните закони за летање со него не се потребна пилотска дозвола, медицински прегледи и други формалности“, рече Галенко.

Тој соопшти дека воздухопловот го движат два мотора со кои е во состојба да се искачи на висина од илјада метри и тоа со вертикална брзина од осум метри во секунда.

Глајдерот е веќе тестиран на аеродромот „Шјекино“. Направи  неколку прелети преку аеродромот, како и една акробатска точка – „Нестерова јамка“.

Леталото е направено во пензенската фабрика „Авиостроитељ“, и тоа врз база на карбон-фибер. Неговата маса е помала од 115 килограми.

Според критериумите на руското Министерство за транспорт, ултра лесните летала со маса помала од 115 килограми не подлежат на државна регистрација, а за управување со нив не е потребна пилотска дозвола.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња