Бахреин: Арапските купувачи ја очекуваат промоцијата на рускиот извозен гигант „Рособороноекспорт“

Слободан Ѓукиќ
Рускиот воено-индустриски комплекс се подготвува преку компанијата „Рособороноекспорт“ да направи мошне интересна програма за претстојниот голем меѓународен саем за воздухопловно вооружување и воена техника Bahrain International Airshow 2018, кој од 14 до 16 ноември се одржува на авиобазата „Сахир“ во Кралството Бахреин.

„Рособороноекспорт“ планира да организира интересна руска експозиција која по својата структура ќе биде уникатна. Во целина компанијата планира да претстави повеќе од 250 примероци воздухопловно вооружување и воена техника, од кои многу ги имаат потврдено своите карактеристики во текот на руската антитерористичка операција во Сирија.

„За оружјето со врежана ознака 'Произведено во Русија' во последно време постои зголемен интерес во светот зашто ги има потврдено своите најдобри карактеристики во сложени борбени и климатски услови на море, на копно и во воздух“, изјави Михеев од информативната служба на компанијата.

Според него, вкупната вредност на договорот што го има потпишано оваа компанија наскоро ја преминува сумата од 50 милијарди долари, од кои добар дел е потпишан со арапските држави.

Михеев потсетува дека програмата на изложбата на оваа компанија која е планирана за интернационалниот заем на воздухопловно вооружување и воена техника Bahrain International Airshow 2018,, ќе ги запознае посетителите за најновите можности на руската воена технологија и ќе ги прикаже нејзините уникатни карактеристики.

„Многубројната техника што ќе ја претставиме (воздухопловни системи и ситеми за ПВО) немаат аналог во светот или сериозно ги надминуваат сличните кога станува збор за клучните показатели“, категоричен е Михеев.

Што ќе претставиме?

Во компанијата истакнаа дека државите од Персискиот залив покажуваат огромен интерес, пред сè за руските системи за ПВО, за борбените авиони, за хеликоптерите и за беспилотните летала.

Најголемо внимание кај пребогатите арапски купувачи привлекува повеќенаменскиот ловец од 4++ генерација Су-35, потоа повеќенаменскиот фронтовски ловец МиГ-29М,М2, школско-борбениот авион Јак-130. Компанијата има во план да претстави и нови производи како што е авиоцистерната за дополнување гориво во воздух Ил-78МК-90А и воено-транспортниот Ил-76МД-90А(Э)-извозна верзија.

Кога станува збор за борбените хеликоптери, особен интерес кај странските купувачи предизвикува офанзивниот хеликоптер Ми-28НЭ, борбениот извидувачко-офанзивен Ка-52 „Алигатор“, транспортно-борбениот хеликоптер Ми-35М и лесниот повеќенаменски хеликоптер Ка-226Т. „Рособороноекспорт“ исто така ќе го претстави и лесниот транспортен хеликоптер „Ансат“, но и најголемиот хеликоптер на светот, супертранспортерот Ми-26Т2.

На изложбените штандови на „Рособороноекспорт“ ќе биде претставен и концептот на нови руски беспилотни летала, како што се на пример минијатурните беспилотни летала со краток дострел „Тахион“ и „Орлан-10Е“, но и системите за воздушно извидување со продолжен долет „Орион-Э“.

Исто така, компанијата гледа исклучителен регионален потенцијал кога станува збор за ракетните системи за ПВО со голем дострел С-400 „Триумф“, потоа ракетните системи со среден дострел „Бук0М2Э“ и два системи со краток дострел – ракетниот систем „Тор-М2Э“ и хибридниот топовско-ракетен „Панцир-С1“. Арапските држави покажаа интерес и за набавка на ракетни системи кои лансираат ПА ракета од рамо, како што е „Верба“.

Покрај тоа, особени интерес кај купувачите од земјите од Персискиот залив претставува и системот за противелектронска борба (ПЕБ) со широк спектар, како што е на пример системот за ПЕВ „Репелент“ наменет за неутрализирање на непријателските беспилотни летала.

Комплетната програма на рускиот експортен гигант ќе биде зачинета со учество на воздухопловната акробатска група „Руски витези“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња