Беспилотен аутобус. Сликата е симболична
Global Look PressНаучниците од радарско-навигациската лабораторија на Истражувачкиот институт за радарско-инженерски системи на државниот универзитет во Томск (ТГУ) заедно со рускиот производител на системи за вештачка интелигенција за беспилотни возила „Cognitive Technologies“ го направија првиот на свет прототип на четиридимензионален радар за беспилотни возила. Уредот работи на сите брзини и допушта високопрецизна обработка на информации за објектот на патот. Ова во четвртокот за ТАСС беше изјавено од компанијата „Cognitive Technologies“.
„Ова е практично трето око на дронот. Нашиот радар, благодарение на уникатната технологија Cognitive super human level, има најдобри карактеристики на пазарот и работи со сите брзини. Прецизноста за детекција на објектот од добиените податоци изнесува 87.7 отсто и во комбинација со видеокамера гарантира безбедност на патот“, вели соговорникот на агенцијата.
Според компанијата, четиридимензионалниот радар, за разлика од конвенционалниот радар може да детектира објекти на оддалеченост до 300 метри, а исто така може да работи и во разни климатски услови, додека задржува јасна слилк на сите објекти од кој било облик: од дупки на патот до домашни миленичиња. „Cognitive Technologies“ планира да достигне ниво на производство на 4Д радари од 4.5 милини парчиња до 2022 година заедно со фирмите-соработнички. Според претседателката на компанијата Ољга Ускокова, цената на уредот нема да надминува неколку стотини американски долари, а компанијата веќе има нарачки од автопроизводителите за некои 200 илјади парчиња.
Определен број научни тимови од различни земји, вклучувајќи ги Јапонија, Индија и Израел учествуваат во правењето на 4Д радар, но никој од нив сѐ уште нема претставено прототип на својот производ. Глобалниот пазар за автомобилски радари, според процените на стручњаците од компанијата за анализа на пазарите, има вредност од околу 6.6 милијарди американски долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче