Американски адмирал ја оцени веројатноста за удар на „Калибрите“ по Европа

Дизел-електричната подморница „Варшавјанка“ од проектот 636.3

Алексеј Павлишак/TASS

Командантот на американската воена морнарица во Европа и Африка адмирал Џејмс Фого, кој се наоѓа на позицијата началник на здружената команда на НАТО силите во Неапол, изјави дека руските подморници се способни за удар по која било европска престолнина.

Тој истакна дека Русија продолжува да вложува во „многу ефикасни“ подморници кои претставуваат голема опасност.

„Тоа се нашите највешти противници“, ги цитираат неговите зборови руските медиуми повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

Фого пред сѐ напоменува дека подморниците од класата „Варшавјанка“, вооружени со крстосувачки ракети „Калибр“, можат од точките „кои Русите ги користат да погодат која било европска престолнина“.  

„Дали ќе го сторат тоа? Не верувам, но без оглед на тоа ние мораме да бидеме свесни каде се наоѓаат тие во секој момент“, додава тој.

Според него, Русија го проширила присуството на своите подморници во Арктичкиот океан и северниот Атлантик: „Се движат на места каде што порано ги немаше“. Фого верува дека повеќе од 20  20 од преку 40 руски подморници се наоѓаат во составот на Северната флота.

Фого го повикува НАТО да вложи повеќе внимание во развојот на системите за детектирање подморници. Според него, неопходно е „да им се спротивставиме каде и да се и да знаеме каде се наоѓаат“.

„Повеќе не можеме да ја земаме здраво за готово способноста за слободно движење по сите океани“, додава тој.

Претходно Фого изјави дека руските подморници се меѓу најтивките и најсмртоносните на светот.

Прочитајте повеќе: Американски аналитичари: „Казањ“ е досега најмоќната руска подморница со која ќе си имаме работа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња