САД за F-35 ја модернизираат термонуклеарната авиобомба В61-12 со која можат да ја загрозат Москва

F-35 Lightning II

Wikipedia
Поранешен руски генерал зборува за потенцијалите на длабоката модернизација на термонуклеарната воздухопловна бомба В61-12 која како стратешко оружје наскоро ќе можат да ја употреба и тактичките ловци-бомбардери од 4 генерација.

Модернизацијата на термонуклеарната бомбе B61 до нејзината 12 генерација ќе го претвори ова воздухопловно убојно средство од тактичко вооружување во стратешко, изјави за интернет порталот „Армиски стандард“ поранешниот началник на командата за воена безбедност во рамките на Советот за безбедност на РФ и поранешен началник на Главниот штаб на Ракетните сили за стратешка намена (1994-1996) генерал-полковник Виктор Есињ.

Експертот нагласува дека борбените авиони кои се наоѓаат во базите на НАТО во Литванија и Летонија можат да ги употребат термонуклеарните воздухопловни бомби В61-12, со што практично се менува статусот на тоа нуклеарно оружје.

„Во однос на Русија ова оружје повеќе не може да се нарече тактичко, затоа што тоа може многу лесно да се достави до објектите кои се наоѓаат во витално важниот централен регион на нашата држава каде што има концентрација на индустриски објекти, крупни градови, вклучувајќи ја и Москва“, предупредува рускиот генерал.

Експертот истакнува дека паралелно со оваа бомба се модернизираат и летечките платформи за нејзино носење и употреба, особено американските ловци-бомбардери F-15 „Eagle“ и F-16 „Fighting Falcon“, како и европскиот Tornado. Покрај тоа, оваа бомба ќе можат да ја понесат и ловците од петта генерација како што се F-35 Lightning II, стратешките бомбардери B-52 „Stratofortress“ и „B-2 Spirit“, како и перспективниот невидлив бомбардер B-21 „Raider“.

B61-12 претставува длабока модернизација на авиобомбата B61. Кај неа се значително осовременети телото на бомбата и системот за наведување. Силата на термонуклеарниот полнеж кој се наоѓа во оваа бомба е еквивалентна на 80 килотони. Модернизираните модели на оваа бомба ќе почнат да им се испорачуваат на единиците на американската армија во 2020 година.

Заклучно со 1967 година вкупно се произведени 3155 сериски единици B61 во различни модификации. Денес околу 1200 такви бомби се наоѓаат во резервите кои се складираат во рамките на базите на НАТО.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња