Во Русија направен уред кој го попречува GPS

Калашников Медиа

Концернот „Калашников“ направи електронски уред кој е во состојба да ги блокира сигналите на сателитските навигациски системи, а предвидено е да се монтира на летала.

Компактниот модул се вградува под крилата на беспилотните летала и го блокира сигналот во радиус од пет километри, судејќи според описот на веб-сајтот на концернот „Калашников“.

Освен тоа, овој пронајдок ја блокира работата на сите уреди кои го користат тој сигнал за навигација.

Оваа направа е специјално произведена за потребите на органите за безбедност и специјалните единици со цел неутрализација на противничка опрема.

Модулот го направи фирмата „ЗАЛА АЕРО“, дел од концернот „Калашников“. Уредот е претставен на меѓународниот саем „Интерполитех-2018“.

„Системот за попречување е успешно тестиран и докажано ефикасен. Добро ќе ја пополни понудата на уреди за електронски дејствија што ја има ЗАЛА“, наведуваат производителите во соопштението за медиумите.

Претходно беше соопштено дека НАТО планира да направи дронови кои можат да им се спротивстават на руските подморници.

Прочитајте повеќе:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња