Конвертопланот „Ера-54“ ќе овозможи врска меѓу обичните полициски радиоуреди на далечини од 70 км

Руски војник со дрон на аеродромот Ковин во Србија.

Руски војник со дрон на аеродромот Ковин во Србија.

Reuters
Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација има намера да набави беспилотни конвертоплани кои ќе имаат способност за автономен лет во траење од најмалку 4 часа, при што ќе ја следат оперативната ситуација и ќе обезбедат стабилни услови за примопредавање на врската.

„Конвертопланот „Ера-54“ е претставен како летечки предавател кој се наоѓа во состав на комплексот за врска каде служи за нејзино примопредавање, но и за воздушен мониторинг и други тактички задачи со различна намена. МВР на РФ планира да купи извесна количина вакви специјализирани летала за унапредување на сопствениот систем за врска“, изјави Олег Морковин, комерцијален директор на компанијата „Нови Технологии“ која го разви овој конвертоплан.

Тој изјави дека конвертопланот „Ера-54“ е беспилотно летало со вертикално полетување и слетување кое го движат пропелерски мотори. Енергетската функционалност на леталото е обезбедена со генерирање на електрична енергија која се создава при внатрешното согорување во моторите. При такви услови конвертопланот може да достигне висина од 2000 метри, со автономија на лет од 3 часа, при што може да достигне брзина од 150 км/час.

Соработникот на обединетата Научно-производствена компанија „Специјална техника и Врска“ (Спецтехника и Связь) која се наоѓа во состав на МВР на РФ Владимир Плишкин им соопшти на новинарите дека со набавката на овој конвертоплан ќе биде формиран нов комуникациски јазол кој ќе ја зголеми ефективната површина на достап за сите видови комуникациски уреди кои се наоѓаат во единиците на МВР.

„Најважното нешто кај ова беспилотно летало е автономијата на неговиот лет која ќе достигнува 4 часа, што е сосем доволно за стабилно одржување и следење на оперативната ситуација, вклучувајќи го и видеонадзорот. Неговата основна задача е примопредавање на врската. Едноставно кажано, кога овој апарат ќе го подигнеме во воздух, ќе можеме преку обични радиоуреди да комуницираме на далечини од дури 70 км“, категоричен е Плишкин.

Тој додаде дека примопредајната апаратура која ќе биде интегрирана на конвертопланот „Ера-54“ е компатибилна со сите стандарди за врска кои се применуваат во МВР, како и со широк спектар на радиостаници со кои се обезбедува чист и стабилен квалитет на комуникацијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња