Москва ќе добие автобуси-амфибии

Автобус-амфибија во Хамбург

Автобус-амфибија во Хамбург

Christian Charisius/dpa/Global Look Press

Московските власти планираат да набават туристички автобуси-амфибии кои можат да се движат како по улица, така и по вода, објави агенцијата „Интерфакс”.

Според планираниот буџет на Москва за 2019 година и за периодот 2020-2021 година, следната година за купување и сервисирање на таквите автобуси ќе бидат издвоени 325 милиони рубли (околу 4,3 милиони евра), а во 2020 и 2021 година по 50 милиони (660 илјади евра). Освен тоа, градот ќе набави и сервисира десет бродови на новата редовна речна линија меѓу Нижни Мневници и Киевската железничка станица.

Туристички автобуси-амфибии постојат во многу градови во светот, вклучувајќи ги Амстердам, Торонто, Хамбург, Сан Франциско и Будимпешта.

Во октомври беше објавено дека во 2020 година во рускиот главен град ќе биде пуштен воден сообраќај. Планираната носивост на бродовите е до 100 лица. Новиот вид сообраќај ќе може да превезува до 1,5 илјади патници на час.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња