Автомобилите наскоро ќе пренесуваат информации за здравствената состојба на своите сопственици

Global Look Press
Благодарение на системот „ЕРА-Глонасс“ (ЭРА-Глонасс) автомобилите во блиска иднина ќе можат да пренесуваат информации за здравствената состојба на своите сопственици и квалитетот на патиштата.

Еден од раководителите на групата „Автонет“ Александар Гурко изјави дека во моментов се работи на проект под називот „Автодата“ за кој се издвоени три милијарди рубли. Средствата се наменети за прибирање соодветни податоци кои веќе постојат во дигиталните системи. Тоа се податоци, како што се здравствената состојба на сопственикот, условите за експлоатација на возилото, надворешните фактори како што се квалитетот на патот, временските и географските услови и сл. Во овој момент информации одвоено прибираат бројни компании и тие се скапоцени за формирање на нови сервиси, рече тој.  

Податоците можат да се добијат од осигурителните куќи, приватните складишта за податоци во облак, но и да се прибираат во реално време со помош на V2X-технологии, преку кои возилото е во интеракција со други автомобили, опкружувањето и инфраструктурата.

Создавањето на ваква платформа го поддржаа Агенцијата за стратешки иницијативи, Министерството за индустрија и трговија, Министерството за образование и наука, Руската компанија за високоризични инвестиции. Во моментов проектот се усогласува со другите министерства на ниво на влада. Како што за руските медиуми изјави извор близок до НП „ГЛОНАСС“, проектот ќе стартува во првата половина на следната година.

Прочитајте повеќе: „Лада Веста“ доби управување со помош на смартфон

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња