Руски научник во САД пронајде остатоци од древни „мраволики бубашваби“

Палеонтолошкиoт институт на Руската академија на науките

Научниците од Палеонтолошкиот институт на Руската академија на науките и нивните странски партнери во САД и во Мјанмар пронајдоа остатоци од мошне необични древни инсекти кои личат на мрака, пчела и оса, а притоа се еден вид бубашваби. Нивните заклучоци се претставени во магазинот „Биологија“.

„Ваков облик мимикрија е мошне редок кај современите бубашваби: само неколку нивни видови денес имитира облик на други бубачки. Покажавме дека бубашвабите во минатото не само што имале способност за мимикрија, ами истовремено подражавале неколку грабливи инсекти, менувајќи се заедно со нив“, пишува Данил Аристов од Палеонтолошкиот институт при РАН во Москва заедно со своите колеги. 

Многу инсекти, змии и други животни во текот на еволуцијата развиле различни видови „маски“ кои се нарекуваат мимикрија. По правило, безопасните инсекти се обидуваат да ги подражаваат отровните или грабливите видови инсекти или да се стопат со околината. Впечатлив пример за тоа се инсектите-гранки кои по бојата и по обликот практично не се разликуваат од гранките или од сувото лисје. 

Првите инсекти кои ја имале оваа „суперспособност“, како што покажуваат скаменетите отисоци на нивните тела, се појавиле пред околу 125 милиони години, уште во времето на диносаурусите и појавата на цветниците. Како и зошто се случило тоа заега е тема за која стручњаците спорат. 

Аристов и неговите колеги направиле своевиден попис на веќе познатите видови древни инсекти кои биле способни за мимикрија, а потоа барале нови скаменети остатоци на ваквите бубачки, проучувајќи ги депоата на музеите во кои се чуваат скаменети остатоци од времето на мезозоикот и од почетокот на кенозоикот.

Во еден од ваквите музеи Аристов открил отисок на тело на интересна „мравка“ долга околу 2.4 сантиметри. Таа на Земјата живеела пред околу 47 милиони години, во епохата на еоценот. Нејзиниот необичен облик ги поттикнал научниците да ја реконструираат во три димензии. 

Излегло дека оваа „мравка“ е всушност претставник на групата таканаречени алиеноптери кои истовремено личат и на бубашваби и на богомолки по своето потекло, начинот на живот и исхраната. Освен „бубашвабата што личи на мравка“ и која го добила името Grant viridifluvius, во ова група, според откритието на Аристов и на неговите колеги спаѓале и други инсекти кои ги имитирале другите грабливи опнокрилци. 

Главното прашање е сега зошто современите бубашваби немаат ваква „суперспособност“ и зошто сите претставници на алиеноптерите изумреле без да остават потомци. Како што се надеваат научниците, понатамошните ископувања ќе овозможат да се најдат одговори на овие прашања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња