Во рускиот град Тула во 80 година од животот почина Владимир Маркович Кузнецов, главниот конструктор на ракетните високопрецизни и трупни противвоздухопловни системи со краток дострел чиј производител е легендарното претпријатие „Конструкторское бјуро приборостроенија“ или едноставно КБП.
„Комеморацијата по повод смртта на легендарниот конструктор е одржана во големата сала која се наоѓа во рамките на православниот храм во Тула (Всехсвјатски собор). Погребот беше одржан на 17 септември во Почесната алеја на Смоленските гробишта“, објави новинската агенција ТАСС, а пренесува РГ.
Владимир Кузнецов практично сиот свој работен век гo посвети на туслкиот КБП. Во него тој помина исклучително продуктивни 55 години. Негова потесна специјалност беше усвојување нови конструкторски методи во проектирањето на високопрецизни наведувачки ракети, на реализација на нови концепции кои подразбираат изработка на бикалибарни ПА ракети за системите со краток дострел кои според своите техничко-тактички карактеристики во голема мера ги надминуваат можностите на ракетите кои дотогаш се наоѓале во сериско производство.
Под негова „диригентска палка“ компанијата КБП ги разви, а подоцна ги пушти во сериско производство наведувачките ПА ракети модел 9М311 и модел 9М311–1М за хибридните ПА системи „Тунгуска“ и „Тунгуска-М1“, потоа наведувачките ПА ракети од моделот 57Э6-Е за хибридните системи „Панцир-С1“, наведувачките ПА ракети од моделот 9М311 за бродскиот комплекс за ПА одбрана „Каштан“, ракетните фрлачи со зголемена разорна сила „Приз“ (или „Шмељ-М“).
Работата на Владимир Кузнецов на планот на зголемување на одбранбените способности на руската армија се оценуваат исклучително високо. Во својата професионална кариера тој е добитник на бројни награди и признанија за својата респектабилна научна и практична работа од областа на военое-кострукторкста мисла и развојот на ракетната технологија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче