Русија е светски лидер во производство на системи за противвоздушна одбрана, а на светскиот пазар владее голема побарувачка практично на сите комплекси и системи од овој вид, и тоа со различни дострели и намени, рече денес за новинарите заменикот на рускиот премиер Јуриј Борисов.
„Побарувачката за руските системи за ПВО – а, тука навистина со гордост може да се каже дека Русија на ова поле е светски лидер – не се однесува само на С-400, ами и на уникатните способности на 'Панцир', модернизираниот 'Мук-М3М', 'Тунгуска', а се бараат и рачните системи за ПВО. Алмаз-Антеј (главниот руски производител на технологии за ПВО) има долгорочни договори, а муштериите речиси стојат во редица“, соопшти заменикот на премиерот.
Концернот „ВКО Алмаз-Антеј“ е еден од најголемите интегрирани субјекти на рускиот воено-индустриски комплекс. Составено е од над 60 фабрики, научни и производни асоцијации, конструкторски бироа и истражувачки институти, а вработува над 130.000 луѓе. Производите на концернот се користат во над 50 земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче