Уљјановскиот автомобилски завод (УАЗ), дел од групацијата Солерс, ја мина ревизијата на производството од страна на Министерството за сообраќај и инфраструктура на Италија и доби одобрување за типот превозно средство за партијата возила на УАЗ Пикап, што ќе овозможи извоз на овој теренец во оваа и во други земји од Европската Унија без ограничување на нивниот број. Ова се наведува во соопштението од УАЗ.
Според резултатите од ревизијата, УАЗ добил сертификат за илјада теренски возила УАЗ Пикап. Возилата од првата партија имаат ЗМЗ мотор со четири цилиндари со работна зафатнина од 2.7 литри кои можат да работат и на бензин и на течен природен гас. Овој погонски систем ги задоволува еколошките норми Евро-6. Дополнителната опрема е инсталирана во Италија.
„Добивањето сертификат за ограничената серија ќе овозможи моделот Профи слободно да се продава во сите земји од Европската Унија. Во целата историја на извоз во Италија испорачани се над 13 илјади класични автомобили УАЗ и интересот за уљјановските теренци и понатаму постои. Се надеваме дека со добивањето европски сертификат во голема мера ќе ја зголемиме продажбата во западните земји“, изјави директорот за извоз на компанијата УАЗ Андреј Дорофеев, се наведува во соопштението.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче