Руската воена полиција преминува на возила „за сите патишта“ Lada Vesta Cross

lada.ru

Припадниците на руската воена и сообраќајна полиција, кои засега користат автомобили Ford Focus произведени во Русија и теренски возила УАЗ „Патриот“, наскоро ќе преминат на кросовер верзијата на моделот Lada Vesta, пишуваат руските медиуми.

Од Министерството за одбрана на Русија велат дека Lada Vesta‍ Cross ќе користи за патролирање и придружба на воени конвои. Изборот на овој модел не е случаен, бидејќи „крос“ верзијата на седанот значително полесно се движи по земјени патишта.

Се вели и дека Lada Vesta Cross наменета за војската ќе биде во темнозелена боја и ќе има специјална сигнализација. Седаните со зголемен клиренс ќе бидат опремени со радиостаници.

Најголемиот руски производител на автомобили почна со продажба на Lada Vesta Cross во јули минатата година. Почетната цена изнесува 763900 рубли (околу 9700 евра), додека возилото со врвниот пакет опрема Luxe+Prestuge чини 859900 рубли (околу 11000 евра).

Погледнете го видеото: Официјално претставена теренската верзија на седанот Lada Vesta

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња