Руската армија на супермодерниот ловец Миг-35 му пробива пат за пласман на странскиот пазар

МиГ-35

МиГ-35

Рамиљ Ситдиков/Sputnik
На светот постојат голем број земји кои се мошне заинтересирани за набавка на моќната 35-ка. Овие земји немаат толку голема територија, па МиГ-35 им се наметнува како извонредно решение за ефикасна заштита на нивниот воздушен простор.

Но, за овие договори да бидат реализирани во практика, авионот мора да стане интегрален дел од руските воздушно-космички сили. Дури тогаш неговата планирана извозна перспектива ќе стане реална. Квалитетот и поволната цена се клучните адути каде никој не може да им парира на Русите.

Постојат голем број арапски (но, и други) земји кои немаат голема територија и на кои не им се потребни тешки ловечки авиони со голем долет. „Перспективните ловечки авиони МиГ-35 се вистински избор за овие држави, но за тие да се продаваат во овие земји мора да станат интегрален дел од вооружувањето на нашата војска“, истакнува за специјализираниот воен магазин „Арсенал Отечества“, Дмитриј Дрозденко, а пренесува Рамблер.ру.

Се очекува првите апарати МиГ-35 веќе оваа година да станат дел од руските воздухопловни единици. Постојат реални показатели дека овие авиони ќе се најдат во составот на ловечките ескадрили, а во предвидениот рок кој е планиран со државната програма за опремување на армијата. Почетокот на реализацијата на оваа работа ќе го отвори испораката на шест ловци МиГ-35 кои Министерството за одбрана ќе ги испорача до крајот на оваа година.

„Концепцијата за дополнување со два нови ловци кои имаат различен дијапазон на задачи не е непознат факт во модерните светски воздухопловства. Покрај нашите воздухопловни сили, истата концепција ја применуваат и Американците. Така кај нив имаме спарување на ловците F-15/F-16, а кај нас МиГ-29/Су-27. Станува збор за борбени летала кои поседуваат голем број различни карактеристики каде според тие показатели имаат поинаква специфична намена“, истакнува Дрозденко.

Благодарение на големото пространство со кое располага Русија, нејзиното воено и политичко раководство се определи за модернизација на ловечкиот авион Су-27 од кој подоцна излегоа модернизираните ловечки верзии од генерацијата 4++ Су-30СМ и Су-35. Поради финансиската криза предизвикана од распадот на СССТ, но и од претходно наведените приоритети концепцијата на ловечкиот авион МиГ-29 и неговата модернизација на стандард 4++ со години се наоѓаше „во втор план“ зад Су-27. Со ангажирање на рускиот воен врв и на развојните инженери од компанијата „МиГ“ се доби радикално модернизирана борбена машина на база на 29-ката која го доби новото име МиГ-35.

Судејќи според сè, станува збор за исклучителен ловец кој поседува квалитети блиски на авионите од петтата генерација. Притоа, самата преобука на пилотите за овој авион е мошне едноставна, така што нема да се потроши многу време, но и пари, за да се изградат сосема нови оперативни ловечки ескадрили опремени со нови ловци.

Според руските воени експерти најсилните страни на овој авион се секако неговата извонредна маневрабилност, намалената радарска рефлективност („невидливост“), зголемен капацитет на резервоарот со гориво и ниви борбени можности кои се добиени со проширување на арсеналот со модерни огнени средства. Како што рековме, според голем број параметри овој авион нема многу да се разликува од авионот од петтата генерација. Најголемата разлика ќе биде во цената, која ќе биде драстично пониска одошто онаа на американскиот ловец од петтата генерација F-35.

Огромен експортен потенцијал на наследникот на познатата 29-ка

„Споредбата помеѓу овие борбени летала во целина гледано е неумесна зашто секоја за себе претставува посебна платформа на која се применети материјали и компоненти од различно технолошко ниво, како и електронската заситеност. Но, доколку би се споредувале летала од иста класа, тогаш нашата техника е мошне поевтина од американската. Причините за тоа не треба да се бараат во производниот процес, ами во тоа кој управува со него, односно кој е сопственик на сето тоа“, истакнува Димитриј Дрозденко.

„Пред сè, руската индустрија се наоѓа во сопственост на државата, и дејствува во интерес на главниот акционер кој бара минимална цена на чинење по единица произведена техника. Од другата страна на океанот се наоѓаат компаниите со мнозинско приватно сопствеништво Lockheed Martin и Boeing, и таму сосема поинаку се формираат цените. Треба да се има предвид веќе традиционалната подготвеност на САД за својот воен буџет да издвојува огромни финансиски средства, така што и нивните производители на современа воена технологија се прилагодуваат на овој систем, каде врз основа на тоа се одредуваат и мошне висок цени за своите производи“, истакнува експертот.

Неодамна на овој авион внимание обра и претседателот на Руската Федерација В.В. Путин кој во таа пригода истакна дека над 30 земји во светот ги користи советските/руски повеќенаменски авиони МиГ-29. Главниот уредник на воениот магазин „Експорт на вооружување“ Андреј Фролов се согласува со процените за што побрзо усвојување на првите гарнитури МиГ-35 и нивна интеграција во ВКС е вистинска покана за меѓународните интересенти за овој авион да се определат за негова конкретна набавка. Може да се каже дека на меѓународниот пазар на вооружување појавувањето на моќната 35-ка ги засени и концепциите на руските авиони направени врз база на Су-27. МиГ-35 е навистина првокласно освежување што го има претставено руската воздухопловна индустрија во последно време.

„Пред сè, голем интерес за МиГ-35 покажуваат арапските земји кои немаат толку голема територија за која е за која е поповолен ловец од тешката класа што го произведува компанијата „Сухој“. Но, за 35-ката максимално да ја искористи својата навистина голема извозна перспектива, леталото мора прво да стане дел од домашното воено воздухопловство“, истакнува Андреј Флоров.

„Кога станува збор за експортниот пакет опрема што оди со овој воздухоплов, тој секако ќе има свои ограничувања зашто за него е применета најсовремена технологија која моментално се произведува во Руската Федерација. сè ќе зависи од тоа каде одат овие авиони. Дали во перспектива со земјата-купувач е можен конфликт или дали постои потенцијал за кражба/копирање на технологијата. Истото тоа важи за определување на конечната цена. Секако дека цената за нашите воздушни сили ќе биде поинаква од експортната верзија. Рособороноекспорт го следи странскиот пазар кога станува збор за цената на врвната воена технологија, и врз основа на овие показатели го прилагодува ценовникот во однос на конкуренцијата“, истакнува Димитриј Дрозденко.

Напомена

МиГ-35 претставува повеќенаменски ловечки авион од генерацијата 4++. Тој е добиен како резултат на длабока, сеопфатна модернизација на апаратите МиГ-29К/КУБ и МиГ-29М/М2. Тој е наменет за остварување на апсолутна воздушна превласт а мали и на средни далечини (тактички ловец). Покрај примарната ловечка улога, овој авион е оспособен и да изведува мошне прецизни напади по копнени и поморски сили на непријателот, па може да се вброи и во категоријата ловец-бомбардер. Со иновативните конструкторски решенија значително е зголемена борбената носивост на огнен товар, а со интеграција на посилно, а истовремено поекономични мотори и дополнителен простор за гориво, зголемен е неговиот оперативен борбен радиус. Се претпоставува дека во следната деценија овој авион во поголем број ќе влезе во руските воздушни единици, и дека обемот на набавка нема да заостанува зад авионите со ознака „Сухој“. Според различни процени Министерството за одбрана на Руската Федерација е подготвено на концернот „МиГ“ да му понуди договор за набавка на 70-80 авиони МиГ-35 кои до крајот на 2027 година треба да влезат во составот на воздушно-космичките сили на ВРФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња