Претходно системите за набљудување и извидување на светските сили беа применувани само за следење на лансирањата на нуклеарните балистички ракети, а сега ги следат и ракетите со конвенционални боеви глави.
Тоа значи дека наведените системи можат случајно да детектираат неконвенционално оружје како нуклеарно, што ќе предизвика одговор од другата страна, соопштува агенцијата „РИА Новости“ повикувајќи се на магазинот „Национален Интерес“.
Покрај тоа, САД, Кина и Русија намерно распоредуваат нуклеарно и конвенционално оружје на исти позиции.
На пример, наведеното издание тврди дека Русија, наводно, на исти места чува подморници со конвенционално вооружување и подморници со балистички ракети и нуклеарни боеви глави.
Како што се истакнува, причина за „случајна“ нуклеарна војна може да биде и недостигот од специјализирани воени сателити за набљудување, како и повлекување од експлоатација на застарените набљудувачки системи.
На пример, САД во овој момент подготвуваат само четири сателити Advanced Extremely High Frequency (AEHF) кои целосно ќе ја преземат задачата поврзана со следење на лансирањата како на нуклеарни, така и на конвенционални ракети. Покрај тоа, наскоро ќе биде повлечен од експлоатација американскиот систем за сателитска врска „Милстар“.
„Национален Интерес“ смета дека земјите можат да го решат овој проблем или со одвојување на нуклеарното оружје од конвенционалното, или со создавање на специјални сателити кои ги следат нуклеарните боеви глави, а не реагираат на конвенционалните.
Меѓутоа, сето тоа бара исклучително големи трошоци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче