Руски повеќенаменски борбен авион од петта генерација Су-57
Владимир Сергеев/SputnikТој додаде дека престижната авиокомпанија КнААЗ без никаков застој ги исполнува зацртаните рокови на најновата државна програма за опремување на руската армија, која вклучува и вооружување на воздухопловните единици со повеќенаменски ловци од петта генерација Су-57.
„Компанијата работи со одлично темпо“, истакна Криворучко, напоменувајќи дека истовремено се вршат интензивни испитувања на експерименталните примероци на авиони Су-57 на кои се интегрирани мотори од втората етапа кои на овој авион ќе му овозможат извонредни летечко-тактички способности.
„Во блискиот период очекуваме дека ќе биде потпишан првиот договор за набавка на 12 авиони Су-57“, истакнува Криворучко.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петта генерација, развиен од воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Наменет е за извршување огромен спектар на задачи кои можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа како што се остварување апсолутна воздушна надмоќ над територија на која се изведуваат активни борбени дејствија, уништување најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и надзор на воздушен простор на големи растојанија, уништување на командната инфраструктура на непријателот итн.
Авионот првпат полета на почетокот на 2010 година од аеродромот кој се наоѓа во Комсомолск на Амур. Првата ескадрила со овие авиони ќе им биде испорачана на единиците на Воздушно-космичките сили во 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче