Му здодеа велосипедот: Русин од моторна пила направи возило со кое „лета“ на работа

Наша Шумиха

Иноватор од Курганската област (јужниот дел на Западносибирската низина, Уралски федерален округ) направи од стар велосипед и моторна пила „Дружба“ необично возило на три тркала, пишува локалното гласило „Наша Шумиха“.

Максим Хоруба работи на товарање и истоварање на робата во продавница за електроматеријали, а во слободно време се занимава со проектирање. Идејата за своето возило ја пронашол на интернет. Сложениот механизам го склопил за еден ден, а наредните две-три недели го доработувал својот трицикл од рачна изработка.

На почеток само сакал да се вози со своето превозно средство, а потоа се охрабрил и почнал да го користи за да оди до продавница и на работа. И додека порано одел на работа со велосипедот, за што му требале десет минути, сега „лета“ за четири.

Моторната пила во оваа конструкција е користена место мотор, а возилото благодарение на нејзината сила развива брзина до 60 километри на час. Возилото има и една мана, вреви како кај моторна пила, па луѓето се вртат по Максим на улица. Меѓутоа, сепак повеќе ги привлекува визуелно, односно самата конструкција.

Трициклот што го направил од прирачен материјал сега сака да го продаде. Во овој момент планира да се зафати со малку посложен потфат и да направи чопер. Негови познаниците ја поддржаа оваа идеја со иронична забелешка – ако цената на бензинот скокне на 50 рубли сите тие полека „ќе преминат на моторни пили“.

Погледнете го новиот руски теренски мотоцикл кој го собира во секој багажник

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња