Жилав и смртоносен: Руските специјални единици усвојуваат нови принципи на борбено-тактичка обука

alamy
Основните задачи на новиот модел на „напредна“ тактичка обука е оспособување на оперативните борбени единици да изведуваат брзи и ненадејни дејствија во услови на масовна примена на современа воена техника која се базира на дигитални технологии.

Главната цел на оваа континуирана активност е фокусирана на усвојување на нови елементи во методиката на обука низ која ќе минат повеќе од 400 припадници на спецназот кои се наоѓаат во состав на извидувачко-диверзантските единици на Централниот воен округ – ЦВО. Програмата за обука ќе се реализира на Тоцкиот полигон во Оренбуршката област, а поради својот вкупен обем ќе трае до 4 јули оваа година.

Основните задачи во обуката на војниците со посебни намени е практично усвојување на новите принципи на вооружена борба во услови на глобална примена на современи технички средства на борбеното поле.

Извидувачите ќе се стекнат со знаења како и на кој начин да дејствваат во услови на масовна примена на современи електронски средства за откривање и за сателитски надзор што ги употребува непријателот, потоа употребата на персоналните воени компјутери и на беспилотните летала до најмало тактичко ниво, како и ефикасно усвојување на новите модели за собирање, анализа и процена на податоците од сите потенцијални извори на информации кои се јавуваат на боиштето.

Командантот на 2 комбинирана армија генерал-мајор Рустам Мурадов ја истакна неопходноста од примена на насобраното борбено искуство од Сирија на планот на унапредување на методиката на обуката во единиците кои го сочинуваат овој стратешки дел од руската армија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња