Руската војска ќе добие свој личен суперзаштитен Интернет кој нема да биде поврзан со обичната Интернет-мрежа. Вредноста на целиот проект се проценува на 6.5 милиони американски долари, а рускиот воен Интернет ќе почне да работи најдоцна до 2020 година.
„Ќе бидат изградени определен број добро заштитени центри ширум земјата кои ќе им овозможат на своите структури да комуницираат во реално време и сите потребни информации да ги проследуваат без никаква опасност дека ќе бидат откриени од страна на разузнавачките служби“, изјави за Russia Beyond-Македонија Виктор Литовкин, воен аналитичар на агенцијата ТАСС.
Според него, еден ваков центар веќе ги има поминато сите воени и технолошки тестирања и веќе функционира во Јужниот округ на Русија. Во иднина слични центри ќе бидат воспоставени во сите воени окрузи на Русија, можеби и во Сирија. Тој додаде дека ова прашање сè уште се разгледува.
Секој од овие центри ќе биде еден вид „кибер-тврдина“. Секоја просторија со сервери ќе биде под стража и ќе има сопствено електрично напојување. „Воениот интернет облак“ на Русија ќе биде затворен систем за размена на податоци и на никаков начин нема да биде поврзан со обичниот Интернет.
Исто така, неовластени лица нема да имаат пристап до просториите со сервери и ниту еден компјутер нема да има УСБ-влез поради заштита од кражба на податоци.
„Сите програмери и сите делови на компјутерската опрема се произведени во Русија. Во Сите компјутери и сервери нема да се користат делови што ги има произведено Интел или некоја друга странска компанија“, истакнува Литовкин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче