Руската противвоздушна одбрана ги остави без работа американските „Брадавичави прасиња“

U.S. Air Force/Wikimedia.org

Американската авијација за блиска поддршка на копнените сили во својот моментален состав не е во состојба да се спротивстави на сериозни противници како што се Русија и Кина, заклучи Пентагон. Офанзивниот авион A-10 Thunderbolt II, единствениот авион на американското воено воздухопловство кој е наменет за давање огнена поддршка на копнената војска, поради староста и застарените технологии не може дури ни да ѝ се приближи непосредно на метата, како што е непријателска механизирана бригада. Но, Конгресот на САД не дозволува „Брадавичавите прасиња“ (како што го нарекоа пилотите овој авион) да се испрати во старо железо.

Прекарот „Брадавичаво прасе“ двомоторниот едноседен офанзивен авион A-10 Thunderbolt II го добил поради карактеристичниот облик на предниот дел кој потсетува на овој африкански цицач. Авионот во составот на американската војска влезе в 1975 година, а денес претставува идеална мета за современите системи за ПВО, зашто двата огромни мотори во задниот дел од трупот, двојниот вертикален опаш, масивните крила со голем број надворешни носачи за различен вид товар на радарите изгледаат како новогодишна елка.

„А-10 не е сосема поволен за изведување модерни воздухопловни операции против непријателот кој е рамноправен според силата, како што се Русија или Кина“, на дипломатски начин признава воениот уредник на американскиот портал „Нешионал интерест“ Дејв Маџумдар. „Во случај на воена конфронтација, А-10 не би можел дури ни да се приближи на моторизирана бригада која и чува мобилните системи за ПВО Тор-М2/М3, Бук-М2 и Тунгуска“

Американскиот експерт разгледува идеално сценарио кога на патот на „Брадавичавото прасе“ до својата цел не би се наоѓала непријателска авијација, ниту реони кои се заштитени со можните системи за ПВО од типот С-300/400. Но, дури и таков, малку веројатен распоред на силите, нема да ѝ помогне на офанзивната авијација на САД. Системите „Бук“ наменети за гаѓање на цели во радиус од 70 километри ќе ги соборат американските авиони на голема оддалеченост. Освен тоа, не е сигурни дека А-10 воопшто ќе има можност да полета.

„Со оглед на тоа дека Русија има високопрецизни ракети со голем дострел како што се Калибар и авионските ракети Х-101, во случај на конфликт нема да може да се користи обичен воен аеродром на НАТО“, заклучува Маџумдар.

Тесната специјализација на „Брадавичавите прасиња“ и нивниот специфичен надворешен изглед од почетокот го поставија овој авион во американската војска во ситуација на „грдото пајче“. Пилотите не сакаа да летаат со него, а командата сонуваше за тоа се ослободи од нив. Но, лобистите во Конгресот не дозволија А-10 да биде испратен во старо железо (на компанијата „Ферчајлд еркрафт“ тоа сепак не ѝ помогна, со оглед на тоа што А-10 беше нејзиниот последен голем проект и што во 1996 година фирмата ја купи германската компанија „Дорниер“),

Денес американските пилоти повторно сакаат да се ослободат од застарените офанзивни авиони, но Конгресот повторно се противи на тоа. Наместо авионите да се расходуваат, предложена е модернизација на 112 од 280 постоечки авиони од овој модел. Авионите ќе добијат „тенко крило“, што, според мислењето на конгресмените, ќе ја намали нивната видливост на радарите. Но, тоа е долга песна: ќе бидат потребни неколку години да се најде изведувач на работите, а уште пет за производство на неопходните делови. Според плановите на американските власти, модернизираното „Брадавичаво прасе“ ќе остане во употреба до средината на 21 век.

„Дури и модернизираниот А-10 ќе може да функционира само во случај на ниско или на средно ниво на опасност. Тој може да биде ефикасен во случај на локални борби против бунтовници кои користат герилски стил на војување. Ваквите операции ќе траат уште многу години и во такви ситуации А-10 ќе има своја примена“, смета Маџумдар. „Но, во конфликти против сериозен непријател, на американското воено воздухопловство ќе му биде потребен сосема поинаков авион. Тоа би можело да биде F-35B со скратено полетување и со вертикално слетување кој може да дејствува и без аеродром и во услови на дејствување на непријателска ПВО“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња