Видео: Беспилотно летало фати два ловци Су-57 како изведуваат маневар пред удар врз непријателот

Евгениј Бијатов/Sputnik

Уникатни снимки од свртување на ловците од петта генерација Су-57, направени со камера поставена на беспилотно летало на воениот натпревар „Авидартс 2018”, се појавија на интернет.

Видеоснимките ги објави телевизиската станица „Ѕвезда”. Со ловците управуваа пробните пилоти на Опитно конструкторското биро „Сухој” Андреј Шендрик и Игор Кругликов. Покрај мајсторски покажаното борбено свртување тие мајсторски го извршија и зададениот напад врз условен непријател.

Су-57 е перспективен руски повеќенаменски ловец од петта генерација со мала радарска забележителност. Развиен е во опитното конструкторско биро „Сухој”, а се произведува во Комсомолск на Амур во фабриката „Јуриј Гагарин”. Авион ќе влезе во вооружувањето на руската војска како замена за тешкиот ловец Су-27. Првиот лет го изврши на 29 јануари 2010 година. Предвидено е неговата експлоатација да почне оваа година. Ловецот ќе има надзвучна брзина и најсовремена опрема.

Погледнете ги сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња