Воената парада во воздухопловната база Хмејмим
YouTubeДенеска и на подрачјето на воздухопловната база Хмејмим беше одржана воена парада по повод 73-годишнината од победата во Големата Татковинска војна.
Во свечената програма учествуваа ешалони составени од офицери кои командуваат со руските сили во Сирија, ешалони на тактичките борбени групи, пилоти на мешаниот воздухопловен полк стациониран во авиобазата Хмејмим, екипажи кои ги опслужуваат противвоздушните системи, потоа медицинскиот персонал кој се наоѓа во рамките на специјалниот одред за лекарска помош и одржување на здравствениот статус на војниците и офицерите, параден ешалон составен од жени-војници, ешалон на единиците на воената полиција и неколку ешалони со припадници на сириската армија.
Со парадата командуваше генерал-мајор Андреј Рузински, кој му даде рапорт на командантот на руската борбена група во Сирија генерал-половник Александар Журавлев.
Што се однесува до техничкиот дел, на парадата беа видени современи примероци на руска воена техника, како што се оклопните автомобили „Тајфун“ и „Тигр“, борбениот оклопен транспортер на тркала Бтр-82АМ, артилериски орудија како влечни хаубици и повеќецевни ракетни лансери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче