МиГ-31 сo хиперсоничната ракета "Кинжал" и ловецот на 5 генерација Су-57
Ова пред сè се однесува на борбената машина за поддршка на оклопните единици „Терминатор“, потоа роботизираните системи Уран-6 наменети за инженерските единици и борбената варијанта на роботот Уран-9, како и специјализираното борбено-транспортно возило за движење во арктичките услови Беркут-2.
БМПТ-72 Терминатор-2 е борбено возило за непосредна огнена поддршка, пред сè на тенковските единици, но и на пешадијата, во фаза на напад на непријателот кој е добро утврден, а во своите редови има и оклопни средства. Ова возило претставува понатамошен развој на основната верзија на средството што ја носеше ознаката БМПТ „Терминатор“. Напредната верзија за разлика од првобитниот модел, има значително поголемо ниво на оклопна заштита, огнена моќ и маневрирање. Благодарение на интеграцијата на исклучително силното вооружување, ова возило ги има добиено карактеристиките на перспективно средство кое ќе биде незаменливо во операциите на пробив на непријателската одбрана. Ефикасен е во борба против сите видови оклопни цели, а кои подразбираат современи тенкови, борбени оклопни возила, потоа армирано-бетонски бункери, фортификации и цела низа други објекти или средства кои пред него можат да се најдат на фронтот. Војската го има склучен првиот договор за набавка на експерименталната група возила БМПТ-2 „Терминатор-2“ во количество од 10 парчиња.
Во рамките на прикажувањето на борбената техника ќе се најде и инженерското роботизирано возило Уран-6 кое својот практичен борбен тест го имаше во Сирија. Имено, руските противдиверзиски единици го ангажираа овој гасеничен робот за деминирање на Палмира и на околните населби кои се напуштени од екстремистите на Исламска држава. Благодарение на силниот оклоп и на мошне цврстата конструкција, Уран-6 може да издржи експлозија со еквивалент од 60 килограми тротил и благодарение на своите способности да замени група од 20 војници-деминери.
Веднаш покрај него ќе се најде и најновата борбено-извидувачка роботизирана платформа кој е направена токму врз база на Уран-6. Станува збор за возилото Уран-9. Главната задача на роботизираниот ултрасофистициран борбен систем Уран-9 е борбено извидување и воена поддршка на извидувачките единици во сите временски услови, дење и ноќе. Благодарение на разновидноста на своето вооружување може успешно да се подготви во речиси сите борбени задачи кои можат да се наметнат во условите на современото боиште. Станува збор за оклопно возило без екипаж кое според своите димензии е значително помало од, на пример, класичниот БМП (и со самото тоа е и потешко воочливо на боиштето), и кој според степенот на своето вооружување претставува вистински копнен миниксртосувач.
Учество на парадата за првпат ќе земат и најновите офанзивни беспилотни летала од семејството „Корсар“. Едно ќе има облик на авион, додека другото ќе изгледа како хеликоптер. И едната и другата верзија ќе можат да откриваат и да неутрализираат различни цели на земјата. Во таа смисла ќе бидат опремени со адекватно оружје од класата воздух-земја, како што се, на пример, погоре споменатите ракети „Атака“. Корпусот на леталото ќе биде направено од композитни материјали кои според своите технички својства во голема мера ќе ја намалат нивната радарска видливост, но и ќе ја зголемат носивоста на борбен товар.
Уште една мошне важна новина ќе се најде на летната програма на парадата при што над Црвениот плоштад ќе прелетаат ловците-пресретнувачи МиГ-31 опремени со оперативна хиперсонична ракета од класата воздух-земја/воздух-море „Кинжал“, како и повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација Су-57.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче