ВИДЕО: Министерството за одбрана на РФ објави снимка од ново тестирање на ракетата „Сармат“

Скриншот

Скриншот

Министерството за одбрана на РФ објави видеоснимка од проба на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“.

На снимката која трае 23 секунди е прикажано лансирање на ракетата од космодромот „Плесецк“. Се работа за второ по ред лансирно тестирање на „Сармат“. Првото беше изведено во декември минатата година.

Претседателот на Русија Владимир Путин во своето неодамнешно традиционално годишно обраќање до Федералното собрание и до јавноста го претстави најновото руско вооружување кое нема пандан во светот - ракетниот систем „Сармат“, подводните беспилотни летелала, крстосувачките ракети на нуклеарен погон, воздухопловниот ракетен систем „Кинжал“ и ласерското оружје. 

Покрај тоа, тој зборуваше и за работата над хиперсоничното оружје, системот „Авангард“ кој е во состојба да лета во густите слоеви на атмосферата на интерконтинентални растојанија со брзина која надминува 20 маха. Според мислењето на стручњаците ова оружје го прави целокупниот американски ПРО систем бескорисен.

Излагањето на претседателот на РФ беше проследено со видеоприказ на новата техника и компјутерски модели на нејзиното функционирање.

Како што нагласи Путин, Русија никому не се заканува и не подготвува да нападне некого, а новите разработки се преземени заради „осигурување на безбедноста на земјата“.

Во документарниот филм „Светски поредок 2018“ на авторот Владимир Соловјов Путин прецизираше дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје само во својство на таканаречен „возвратен удар“.

Прочитајте повеќе: Ракетите „Сармат“ наскоро пристигаат во стратешките сили на руската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња